ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Пијат ли вашите деца доволно вода?
    Пијат ли вашите деца доволно вода?

    Пијат ли вашите деца доволно вода?

    Иако ни е неопходна за добро здравје и за енергија и е сосема достапна, водата е напивка која ретко кој ја пие во потребните количини. Ист случај е и со децата. Дали некогаш сте се запрашале, пие ли вашето дете доволно вода?

    Спрема некои податоци, повеќе од половина од децата кои живеат во развиените земји не пијат доволно вода во текот на денот, а истражувањето се базира на тестирањата на урината на децата и адолесцентите. Едно од четири деца не пијат воопшто вода во текот на денот, покажале истражувања кои се спроведени во САД, што е навистина шокантен податок, посебно ако се знае дека во топлите денови може да дојде лесно до дехидрација.

    Симптоми кога детето не пие доволно вода

    Многу е важно да се знае дека секои деца и адолесценти не дехидрираат на ист начин, а податоците зборуваат дека момчињата за 76% пијат помалку вода од девојчињта и често се наоѓаат на граница на дехидрација, што исто така е важен податок.

    Благата дехидрација не може да го загрози здравјето, ако децата континуирано не пијат доволно вода може да дојде до когнитивни проблеми, главоболка па дури и мачнина во потешките случаи. Благ облик на дехидрација кај малите деца вклучува нервоза, ретко мокрење, сува уста и намалено количество на солзи кај бебињата кога плачат.

    Колку вода треба да испијат децата?

    Лекарите препорачуваат децата поголемиот дел од течностите да ги земаат преку водата, а помал дел преку храната. Децата поголеми од 1-3 години треба да земаат околу четири чаши (250мл) вода дневно, додека децата од  4-8 години треба да пијат пет чаши вода. Кога детето ќе наполни 9 години количеството на водата која треба да ја пие се менува спрема полот. Момчињата на возраст од 9-13 години треба да пијат осум чаши , додека девојчињата на иста возраст седум чаши.

    Кај децата не е во потполност развиен механизмот за жед и тие се посебно ранливи кога се жедни или лесно дехидрирани, затоа родителите треба да ги потсетуваат децата дека треба да пијат вода, затоа што тие сами ќе се сетат само во екстремни ситуации.

    Исто како и возрасните децата не ја губат течноста само со мокрење, туку и со потење и дишење со што се губи течност дури 60% од исфрлената во текот на денот.

    Треба да се знае

    Не пробувајте водата на децата да им ја надополните со благи сокови или со газирани напитоци, може само со свежо исцеден сок од зеленчук и овошје без додатоци на шеќер. На детето секогаш за во училиште дајте му шише со вода, а исто и кога има некои други активности, кога ќе оди надвор со другарите или во парк. Не заборавајте да ги потсетите децата да пијат вода во текот на денот.