Пилешко со зеленчук
Припремете вкусно пилешко на едноставен, брз и здрав начин…
Состојки потребни за четири особи:
6-8 парчиња пилешко
200 гр млади компири
1 компир
2 пашканата
2 моркова
30 гр оригано
60 мл масло
30 гр сенф
Рендана кора и сок од еден лимон
Припрема
Загрејте ја рерната на 180 степени. Измијте го зеленчукот, изљупете го компирот – но не го сечете, а пашканатот и морковите исечете ги на кришки. Додајте сол и бибер спрема ваш вкус и прелијте со малку масло. Подмачкајте го плехот, ставете го зеленчукот и печете 30 минути.
Засечете го со остар нож секое парче пилешко. Помешајте го сокот од лимон и кората, сенфот, ориганото, солта, биберот и премачкајте го месото. Додајте го во зеленчукот и печете 30-40 минути додека месото и зеленчукот не бидат готови.
Сервирајте со сезонска салата.