
Писмо на една мајка која ќе ве воодушеви! Ќерко, не дозволувај да не те почитуват!
“Да душо, знам дека мислиш дека сум стара. И јас во текот на годините имам грешено. Дали некогаш ми прости што ти ја упропастив онаа ужасна роденденска торта за твојот 8ми роденден? Или тоа што ти поклонив маче незнаејќи дека си алергична на влакна од мачка. Навистина ми беше жал поради тоа, но добро е што барем добив информација која е важна за твојот живот.
Се надевам дека после се ова нема да ме гледаш како досадна шеесет годишна жена, туку како некоја која навистина сум:мајка која сака нејзината ќерка да не мора да ги поминува тешките моменти во животот кој морав да ги поминував јас. Ова се неколку работи кои сакав да ги знам на твои години.
1. Ти си најважната личност во твојот живот
Да, навистина го кажав тоа и вистински го мислам. Кога се цениш себеси, ќе бидеш и посреќна, да ги исполнуваш твоите соништа и ти дава сила да ги прежалиш неуспешните врски. Треба да се сакаш доволно но не да бидеш нарцисоидна, тоа не е добро, тие луѓе не можат да дадат љубов на другите.
Едно време мислев дека помошта што ја давав на другите е моја карта за рај. Навистина е. Се трудев да бидам што подобра пријателка. Се трудев да не заборавам ни еден роденден. Бев рамо за плачење. Верував, ако го правам тоа дека луѓето ќе ми се најдат кога тоа навистина ќе биде потребно, едноставно како моја награда.
Не бев во право
Ова не значи дека не треба да им помагаш на другите луѓе или дека нема да има луѓе кои ќе бидат до тебе кога ќе ти бидат потребни, едноставно фокусирај се на она што навистина го сакаш. Мора да знаеш дека едноставно, неможеш да сакаш вистински, ако не се сакаш доволно себе. Ми требаше време да го сфатам тоа и несакам тебе да ти се случи тоа.
2. Никогаш не прифаќај непочитување
Без разлика дали станува збор за момчиња, пријатели или некои сосема трети, никогаш немој да дозволиш било кој да те омаловажува. Секогаш држи до себе. Доколку не го направиш тоа, постои огромна можност да бидеш повредена и да ти биде жал што не си постапила поинаку.
Треба да бидеш храбра. Не не значи дека треба секогаш да ја “истераш ” правдата, но не дозволувај било кој да ти наметнува некакво мислење и да манипулира со тебе. Знам, доволно си зрела тоа да не го дозволиш, но секогаш имај на ум дека овој свет не постои само за добрите луѓе. Постојат и такви и оние помалку добри кои на некој начин сакаат емоционално да те поврдедат, без разлика дали е тоа свесно или несвесно. Оној кој на некој начин ќе те предаде е навистина лоша работа, но без разлика на се запамти една работа : секогаш треба да имаш сила и храброст да простиш од срце. Немој да заборавиш, верувај во ова што ти го велам.
3. Без разлика на се, твоите родители те сакаат премногу
Мислам дека тоа на твои години сосема лесно е да се заборави. На крајот на денот “поминатото време со родителите, и не е баш идеална вечера, може да звучи многу досадно”.
Вистината е дека љубовта на твоите родители е нешто на што можеш секогаш да се потпреш. Мислам дека тоа веќе го знаеш. Не постои работи на овој свет поради која твоите родители би те напуштиле. Знам, за некои работи можеби е тешко да се зборува, но сакам да знаеш дека мене секогаш можеш да ми се обратиш. Ако не можам да ти помогнам, можам да те ислушам. Ќе ти биде полесно. Јас никогаш нема да те издадам, никогаш нема да те осудам.
Биди трпелива со себе и твоите другари. Ќе има многу нагорнини и падови, но ако го имаш на памет ова што сега ти го пишав, полесно ќе можеш да најдеш внатрешен мир, сила и самодоверба.
Те сака твојата мајка