• Нема производи во кошничката.
a
  >  Практични Мајки   >  Писмото кое кружи низ дрштвените мрежи е голема лекција за сите, без разлика дали сте родители или не.
Писмото кое кружи низ дрштвените мрежи е голема лекција за сите

Писмото кое кружи низ дрштвените мрежи е голема лекција за сите, без разлика дали сте родители или не.

Писмото кое кружи низ дрштвените мрежи е голема лекција за сите, без разлика дали сте родители или не.

Приемниот испит не е мала работа, па последно што децата треба да го имаат е теретот кој родителите им го наметнуваат.

Поради ова, директорот на едно училиште од Сингапур, пред да го заврши испитот се обратил на сите родители со следните реченици:

Драги родители,

Испитот на вашите деца ќе почне наскоро. Знам дека сте премногу загрижени за тоа дали вашето дете ќе го положи или пак не.

Ве молам, запомнете дека помеѓу овие деца има уметници кои едноставно не јa разбираат математиката, претприемачи кои не се грижат за историјата и книжевноста, музичари на кои оцената за физика не им е важна , спортисти на кои физичката кондиција им е поважна од физиката.

Ако вашето дете добие висока оцена, тоа е одлично! Но доколку не добие, ве молам немојте да им ја одземете самодовербата и достоинството. Кажете им дека се е во ред, тоа е само еден обичен испит.

Тие се створени за многу работи во животот. Кажете им дека без разлика на резултатот, ги сакате и нема да ги осудувате.

Ве молам, направете така и тогаш гледајте како вашите деца го освојуваат светот.

Еден тест или ниска оцена нема да ги однесе неговите сонови и таленти.

И уште нешто, немојте да мислите дека докторите и адвокатите се најсреќните луѓе на светот.

Срдечен поздрав,