• Нема производи во кошничката.
a
  >  Здрава исхрана   >  Пита од тиква
Пита од тиква

Пита од тиква

Во зимските месеци специјалитетите од тиква можат да бидат прав избор за вашите малечки.

Потребно е:

Пола килограм тенки кори

Околу еден килограм крупно изрендана тиква

Шеќер, ванилин шеќер

Масло

Презла

Цимет

Припрема:

Одвојте три кори и попрскајте ги со масло во тенок слој. Додајте рендана тиква и попрскајте ја со 2-3 лажички шеќер (во зависност од вашиот вкус), пола кесичка ванилин шеќер и една лажичка презла. Ако сакате цимет додате го и него, а за правите гурмани препорачуваме и ситно исецкани ореви.

Завиткајте ја кората и ставете ја во тава со масло. Постапката повторувајте ја додека не ги потрошите сите кори. Печете во загреана рерна на 170 – 200 степени. Питата е испечена кога кората ќе порумени. Ако не сакате да биде премногу крцкава, тогаш питата извадете ја од рерна на кратко и покријте ја со влажна крпа.

А потоа следи вистинско уживање!