Плачењето е бебешки јазик
Само што дојде на свет, вашето бебе во породилиштето беше мирно и тивко. Само понекогаш ќе слушневте плачење, најчесто пред доење додека да ја фати брадавицата или да го повлече млекото. Си велевте, среќа што родив ангелче а не некое плачливо дете. Но, дојде и првата ноќ дома.
Око не склопивте, цела вечер станувавте да видите дали дише, да видите дали рачињата му се ладни, да го надоите и така цела ноќ. Туку што мислевте дека ќе легнете да поспиете повторно треба да станете. И крајот не се гледа, се прашувате до кога вака?
Се прашувате дали нешто правите погрешно и што да промените. Сеуште не ви дојде на памет дека е се во ред и дека имате дете кое баш сака да комуницира со родителите и тоа на еден и единствен начин – плачењето.
Бебето никогаш не плаче без причина, тоа сака нешто да ви каже, а на вас е да откриете што – порачуваат педијатрите и искусните патронажни сестри.
Во почетокот, во привите месеци од раѓањето, бебето плаче за да би ги повикало родителите, бидејќи на бебето му е важно да знае дека се тие тука и дека се грижат за него. На бебињата им е потребна сигурност, а таа можат да им ја пружат само мама и тато, па така тие преку плачењето можат да се поврзат со нив. Затоа во овој период не смеете да слушате “добри совети” кои ќе ви говорат да го пуштите детето да се исплаче додека не се смири. Тоа е апсолутно погрешно за неговиот емотивен развој. Не морате да го земате во раце, доволно е да се појавите или нежно да го погалите. На бебето му е доволно да знае дека вие сте тука на неговиот повик.
Како детето ќе расте така и бебешкиот плач ќе стане се по разновиден, но вие се полесно ќе го препознавате. На пример, ако бебето е гласно, неговиот плач на почетокот ќе биде потивок а потоа се појак и појак. Тоа не знае да го одложи задоволството од своите потреби и затоа на вас викањето ви делува дека е нешто итно. Правило за интензитетот на плачење и неговата јачината исто така важи и кога бебето е мокро, сака да се пресоблече, ако нешто го боли или едноставно му треба утеха…
Освен тоа, некои бебиња плачат само затоа што им е премногу ладно или топло, кога ги мачат грчеви, кога им искачаат забчиња, затоа што имале возбудлив ден, зошто се нервозни, зошто се гласни, мокри, но и затоа што не сте ги ставиле да спијат во вообичаеното време… Некои од нив се зајдуваат со плачење, па некои бебиња не треба да ги зимате во раце бидејќи така само ќе го зголемите плачењето. Пробајте да го спуштите во креветчето и само стоите до него да ве гледа и почекајте да видите што ќе се случува. Доколку заспие брзо, од следниот ден не треба да се грижите, тоа е начинот на кој вашето дете сака да спие.
Од третиот до шестиот месец, бебето плаче и затоа што е фрустрирано поради тоа што не може да се сврти, затоа што му пага цуцлата, а неможе да ја врати во уста, затоа што сака друштво и некој кој ќе го анимира. Дури после шестиот месец почнуваат да викаат без никаква причина, но тоа е кажуваат педијатрите подобро него бебето да не плаче, бидејќи тоа не е природно ниту својствено за нив. Доколку вашето дете не плаче, тогаш треба да се обратите на лекар.