• Нема производи во кошничката.
a
  >  Деца   >  План за исхраната на бебето по месеци
План за исхраната на бебето по месеци

План за исхраната на бебето по месеци

Мајчиното млеко е најдобрата храна за доенчиња, особено во првите месеци од животот.Во исхраната на  бебето може да се вклучи и прилагодено адаптирано млеко во првата година. Од шестиот месец од животот, може да почне да се дава немлечна храна. Ако кравјото млеко се дава на новороденче на возраст од шест месеци од животот, може да предизвика несакани ефекти, како  нетолеранција на протеини и други компоненти на кравјо млеко, како и можните повраќање, дијареа, губење на тежината, анемија, гастроинтестинално крварење.

 Прв месец

 Исхрана- број на оброци 7 на секои три часа

–доење

-Ако се храни од шишиња 100 гр.

– Давање варена незасладена вода или чај

-А + Д3 капки (воден раствор) – 1X 5 капки

Развој: што се однесува на психомоторниот развој, детето обично спие и плаче (ако не е задоволно (гладно или влажно).

 

Вториот месец

-исхрана – оброци 6 на секои 3 часа

– доење

– Ако се храни од шише  120 гр.

– Давање вода меѓу оброците

-A + D3 капки 1X 5 капки

-Развој: во текот на вториот месец бебето е повеќе активно, помалку спиење, со поглед го следи движењето, се смее и гуга.

 

Третиот месец

-исхрана- оброци 6 на секои 3 часа

–  доење

– Количина на храна 120-130 g.

Давање вода

-A + D3 1 x 5 капки

Развој: Бебето е многу заинтересирано за околината, активно ги движи екстремитетите. Често се смее гласно.

 

Четвртиот месец

-исхрана број на оброци-6 за секои 3 часа

– доење

– Количина на храна 150 гр.

– Давање вода

-A + D3 1X 5 капки

-Развој: што се однесува на психомоторен развој бебето во оваа возраст ги пружа рацете кон подадениот предмет.

 

Петти месец

 – исхрана број на оброка 6 за секои 3 часа

– доење

– Количина на храна 150 гр.

– Давање вода

-A + D3 1X 5 капки

-се дава овошен сок, свежо исцеден или специјално наменет за бебиња.

Развој, во оваа возраст доенчиња ги прифаќаат играчките со двете раце, се врти на стомакот, се радува, гласно се смее, го имитира говорот на возрасните.

 

Шести месец

-исхрана број  на оброци 6

– доење

– Количината на храна е 160 g.

– Давање вода

A + D3 1X 5 капки

-Флуорогал 0,25 mg. 1 X1 дневно во една лажица чај половина час пред оброците.

-распоред на  оброците

– Три подоја или три оброци со адаптрана млечна формула

-1 X зеленчук со месо 

-1 x компот или овошен сок, овошен каша.Овошјето се цеди

-Развој: детето може да седи со придржување, а во огледалото се смее на неговиот лик.

 

Седми месец

-исхрана-број на оброци 5

Количина на храна 180 g.

-Флуорогал 0,25 mg. 1X1 таблети на ден

-A + D3 1X 5 капки дневно

– Давање вода, чај, сок.

-распоред на оброците

-2 подоја или 2 млечни формули.

-1 X зеленчук со месо околу пладне

-1X компот или овошен сок, овошна каша помеѓу оброците

– Наместо месо може да му се даде пилешки црн дроб

-Развој: новороденчето седи само или во придружба, се потпира на своите нозе, под услов колковите да се во ред. Растат првите заби.

 

Осмиот и девет месеци

 – исхрана број на оброци 5

– Количина на храна 200 g.

-Флуорогал 0,25 mg 1 X 1 на ден

-A + D3 1 X 5 капки дневно

– Давање вода, сок,  чај.

-распоред на оброците

-2 подоја или 2 млечни формули

-1 X зеленчук, месо или црн дроб, жолчка

– 1X млечна каша, гриз, кекс, пишкоти.

-1-2 Х компот, сок, овошна каша

Развој, во овој период се многу врзани за мајката, недоверливи се кон непознати личности.Лазат.

 

Десетти-дванаесетти месец

-исхрана-бр на оброци4

– Количина на храна 210 g.

– Давање вода

-Флуорогал 0,25 mg. 1 X1 дневно

-A + D3 1 X 5 капки дневно

-распоред на оброците 1-2 подоја или 1-2 кравјо млеко

-1x зеленчук со месо, жолчка, пилешки црн дроб.

-1 Х млечна каша

-1 Х компот, сок, овошна каша.

-Во оваа возраст, храната се меша, сецка и тоа месото, црн дроб, жолчка, зеленчук.

-Развој: треба веќе да ве вика по име, мама, тато,баба…Се обидува да ве повтара…Чекори со ваша помош.