
Почнува сообраќајно-воспитната акција “Да ги заштитиме децата во сообраќајот“
Денес – четврток, во 11:00 часот, во ОУ “Јохан Хајнрих Песталоци”, СВР Скопје – Одделението за превенција согласно годишната програма за работа за учебната 2018/2019 година, ќе започне со реализирање на едукативни работилници од областа на сообраќајот на учениците од II-ро и IV-то одделение, сообраќајно-воспитната акција “Да ги заштитиме децата во сообраќајот“. Акцијата е во соработка со компанијата Пнеуматик, Општина Центар и основното училиште “Јохан Хајнрих Песталоци”.
Акцијата се состои од два дела и тоа: едукација на учениците од второ одделение и едукација на учениците од четврто одделение. Истата ќе се реализира паралелно во училиштата во текот на целата учебна година, а со предавањата ќе бидат опфатени сите централни и подрачни училишта. Едукацијата ќе биде реализирана и прилагодена на возраста на децата. Од страна на компанијата Пнеуматик која се јавува како општествено одговорна компанија на училиштето ќе донира вкупно сто заштитни фосфорни елеци кои според потребите, би ги користеле учениците кои одат на еднодневни едукативни посети и работилници надвор од училиштето, со цел да бидат повпечатливи, а со тоа и побезбедни учесници во сообраќајот.
Ова е само првиот дел од сообраќајно-воспитната акција “Да ги заштитиме децата во сообраќајот“. Во втората фаза ќе бидат опфатени училишта и во Општина Аеродром, повторно со донација на флуросцентни елеци за учениците, но и со едукативни работнилници од страна на Инспектор за превенција од МВР.