
Подеднакво користење на двете страни на телото кај детето
Билатерална координација на телото
Билатерална координација претставува способност на ускладување за користење на левата и десната страна на телото при изведување на некоја активност.
Децата веќе во шеститот месец почнуваат да ги користат двете страни на телото при изведување на една активност.
Врсти на билатерална координација на телото
Постојат повеќе типови на билатералнаа координација:
Способноста да прават исти движења користејќи ги двете страни на телото (кога плескаат со рачињата, го придржуваат шишенцето додека пијат од него);
Способноста да прават исти движења користејќи ги двете страни на телото но наизменично, прво едната па потоа другата страна (кога играат на музика, кога се качуваата по скали);
Способноста левата и десната страна на телото да прават различни движења во исто време, што во најголем случај и се случува (кога на пример сечеме месо во чинијатаили ја придржуваме хартијата додека пишуваме).
Координација на телото е спососбност која му овозможува на телото намерно и контролирано временски и просторно да организира две или повеќе движења во една целина, поради постигнување на специфични движења. Координацијата на движење е важна од самото моторичко планирање па преку реализација на движењето и тоа од наједоноставните до најсложените движења.
Како да се препознаат децата со послабо развиена билатерална координација?
Кога детето има тешкотии во изведување на одредени активности од груба моторика, како што е на пример: да фати топка со двете раце, можно е да има проблем со билатералната координација. Неспособноста може да се примети при изведување на секојдневните активности:
Додека детето ги врзува врвките,
Кога треба да ја стави пастата за заби на четката,
Кога детето не може да се закопча и откопча,
Кога има проблем при пишување и користење на моливот,
Кога треба нешто да направи или да исече хартија.
Децата со оштетена билатерална координација ќе ја користат само едната рака при изведувањето на секојдневни активности или ќе ги користат двете раце симетрично кога тоа не е потребно.
Билатералната координација подразбира користење на двете хемисфери на мозокот истовремено.