• Нема производи во кошничката.
a
  >  Деца   >  Подготвени за патување: Кога бебето може да се вози со авион?
Подготвени за патување: Кога бебето може да се вози со авион?

Подготвени за патување: Кога бебето може да се вози со авион?

Под претпоставка дека мајката и бебето се здрави, бебето може да се вози во авион кога ќе наполни две недели. Во некои случаи, можете да летате порано, но ако не е итно одложувате го летањето.

Многу работи треба да се земат предвид при одлучувањето да летате со новороденче. Прво, го изложувате бебето на многу инфекции во затворен авион. Настинки и грип се лесно преносливи во затворена кабина а вирусите се многу поопасни за бебе од две недели одколку за бебе од пет или шест месеци. Преку доењето бебето се снабдува со многу заштитни антитела и тоа може да ја намали подложеноста на инфекции.

Второ, познато е дека бебињата се непредвидливи првите неколку недели – нередовно спијат, јадат, плачат. Ова, секако, може да се организира, но може да биде исцрпувачки за мама и тато кои се на пат пред бебето да се “смири”. Некои бебиња се непредвидливи првите недели, а некои до третиот месец!

 

Трето, мајката мора да биде здрава и да закрепне од породувањето. Жените, по породувањето, имаат зголемен ризик за развој на тромб во ногата, а седењето во авионот само ја зголемува можноста. Но, ако се патува волку рано, понесете си екстра пар чорапи,  пијте многу течности и често малку да прошетајте за да ги размрдате нозете.

 

Ако има проблем при породувањето, тогаш летот е одложен додека лекарот не го каже спротивното. Во оваа група спаѓаат предвреме родените деца и оние кои се родени со проблеми со дишењето и проблеми со исхраната.

 

Очигледно, има многу работи што треба да се разгледаат ако одлучите да патувате со новороденче. Едночасовните и двочасовните летови не се толку проблематични како шест часа или седумчасовните, како и прекуокеанските. Во секој случај, пред да донесете каква било одлука, консултирајте се со вашиот лекар.