• Нема производи во кошничката.
a
  >  Здрава исхрана   >  Помогнете му на детето да ги засака овошјето и зеленчукот
Помогнете му на детето да ги засака овошјето и зеленчукот

Помогнете му на детето да ги засака овошјето и зеленчукот

Како да го убедите детето да ја засака здравата храна?

 Дадете му добар пример на детето

Ако во текот на бременоста и доењето сте јаделе овошје и зеленчук големи се шансите дека и вашето дете ќе ужива во овие вкусови.

Во  текот на растењето на бебето треба да му нудите разнобидно овошје и зеленчук, со различна текстура. Во почеток тоа се ретки кашички, а како поминува времето бебето малку по малку се навикнува на вкусот тие треба да бидат се погусти, поточно поцврста храна.

Детето треба да знае што јаде

Ако  сакате вашето дете навистина да ги засака здравите производи, немојте да му ги давате “скришно” така што ќе му дадете испасиран карфиол во пире од компир.Можеби  на детето во тој момент ќе му се допадне вкусот на карфиолот, а всушност нема да е свесно дека во тој момент јадело карфиол. Поради тоа за да јаде одредени производи и да ги засака, би требало да знае што јаде.

Добро е да се сварат неколку видови на зеленчук (разни бои) и да ги сервирате во посебни чинии. Играјте со детето и кажете му дека секоја боја симболизира една личност или една особина, па така зелениот спанаќ нека симболизира сила-или таткото, белиот карфиол убавина- мајката, портокаловиот морков добрина-бабата….

На некои деца позитивно им влијае и убаво аранжирана чинија со зеленчук, затоа употребете ја вашата креативност и направете животни, цвеќе, срца од овошје и зеленчук.

 Немојте лесно да се откажете

Ако детето не прифати од прв пат да проба некој производ, не се откажувајте лесно бидете упорни и пробајте да му понудите уште неколку пати, но никако да не навалувате со сила.

Во суштина, што почесто му нудите одредено овошје и зеленчук или ако му овозможите избор, со време ќе го прифати, проба а можно е и да го засака, бидејќи децата го сакаат тоа што го познаваат и јадат тоа што го сакаат.

Детето треба со време да научи дека постојат разни видови на овошје и зеленчук кои му се достапни, а потполно е нормално дека некој ќе му се допаднат повеќе а некои помалку.

Ако имате можност, би било идеално сами да одгледувате разни видови на овошје и зелнчук, а детето нека ви помага при полевањето, берењето, и нека гледа како расте, и во тој случај со желба ќе чека да го види послужено на маса.

 Немојте да навалувате по секоја цена

Начинот на кој родителите инсистираат дека одредено јадење треба да се изеде, ќе има големо влијание на тоа на која храна детето ќе и даде предност. Детето секако подобро ќе јаде во позитивна атмосфера, а навалувањето и инсистирањето може да има негативно влијание при прифаќање на нови производи.

Интересно е дека аверзијата према одреден (поготово нов) производ кај детето се јавува помеѓу третата и петата година и стручнаците тврдат дека главни виновници  се родителите кои инсистираат и му наметнуваат на детето обврска дека мора да изеде нешто бидејќи е здраво и корисно.

Поради тоа немојте да наметнувате притисок на детето дека мора да јаде овошје и зеленчук, бидејќи само ќе направите контраефект. Пробајте на друг начин да му помогнете да ги засака здравите производи.