Помогнете му на вашето дете да го истури бесот
“Децата се мали луѓе”…
Доколку сеуште не сте се увериле во ова трдење, тогаш вашето дете сеуште немало баш лош ден. Знаете на што мислиме? Станува збор за оние денови кога вам баш ништо не ви оди од рака, денови кога сакате да излезете од сопствената кожа, да пукнете од бес, да се извикате на некој и најчесто најдебелиот крај ги добива некој од домашните миленичица или можеби некое од вашите деца и тоа за причина на пример зошто ги оставило патиките на сред ходникот.
Е баш вакви денови имаат и малите деца. За разлика од вас, тие неможат како вас да си олеснат па затоа е потешко да се ослободат од фрустрацијата која ја имаат во моментот.
За среќа, вие можете да им помогнете.
Фрустрацијата и лутината се нормлани емоции и за возрасните и за децатата кои треба да се носат со истите. За да ги совладаат, неопходна е физичка активност и пренасочување на чуствата.- тврди Heder Šumaker,, автор на книгата “Ok, не мораш се да делиш”, кој предлага 5 ефикасни методи за совладување на стресот. Колку дететео е помладо, толку побрзо и фрустрацијата може да се совлада.
1. Доколку немате време, надвор врне дожд или е касно навечер за да го изнесете вашето дете надвор, дајте му задача на вашето дете да сврти 50сетина крѕгови во дневната соба, ходникот или некој поголем простор во станот и за истите нека брои на глас. Броењето ќе му одвлече внимание и брзо ќе се смири, а вие утредента ќе им се извините на комшиите кои живеат под вас.
2.Испратете го во купатило или во ормарот и дозволете му се извика или исплаче од цела снага. Тоа нека биде негово сигурно место за истурање на својот бес. Тоа нема да им смета на домашните, ниту на комшиите а дури ни на вашето милениче.
3. За викање или плачење исто така може да се послужи и со дебел јастук за кој можете да најдете уште една примена. Скоро никој во својата куќа нема боксерска вреќа за да му дозволоте на детето да се се “иструри” на нејзе, затоа јастикот можете да го замените и да му дозволите на детете да се изнавика или удира по перницата за да му помине бесот, стесот или фрустрацијата. Ова е одличен начин за празнење.
4.Доколку имате голем хамер или стапчиња за ражнич предложете му на вашето дете на него да ги демонстрира своите знаење во каратето. Кинење на хартијата и кршење на стапчињата не може да помине без бука која исто така и на возрасните им создава лоша слика и мисли. Но, вашето дете ќе се чуствува по јако, што е добро за да се врати во нормлала.
5.За оттргнување на стресот, бесот или фрустрацијата најдобро е трчање на отворено. Изнесете го вашето дете надвор, најдобро, најдобро во парк, спремни да трчате со вашето дете додека не се умори и со смирен глас не побара да седнете или да се вратите дома додека не се чуствува подобро.
Некои од овие методи можат да им помогнат и на тинејџерите, вели Heder Šumaker, само што со нив е многу потешко да соработувате.