• Нема производи во кошничката.
a
  >  Деца   >  Помош при болки во стомакот на природен начин
Помош при болки во стомакот на природен начин

Помош при болки во стомакот на природен начин

Намалете ја болката во стомакот

Болките во стомакот се вообичаени кај деца на вораст помеѓу 4 и 8 години. Најчеста причина за болката се нерамонетежена храна, мрзливи црева, стрес и развој на органите за варење. Иако болките се непријатни, причина за грижа и трчање веднаш на лекар нема, бидејќи најчесто проаѓаат сами од себе или со помош на некои природни лекови со кои гарантирано ќе се смири стомакот. Некои од нив се:
1. Чај од камилица
Чајот од камилица има антивоспалително и смирувачко дејство, ги опушта мускулите и дигестивниот систем, ги ублажува грчевите и го помага варењето на храната. Најдобро е да една лажичка ставите во 10-150 ml врела вода, почекате да се олади и потоа на детето сервирајте му го чајот незасладен и ли пак со многу малку мед. Освен камилицата, чајот од нане исто така е докажано дека може да го смири стаомакот и да ги ублажи болките во стомакот.
2. Водата од ѓумбир
Многу родители им даваат на децата минерална вода кога ќе се пожалат од болки, грчеви или пак мачнина во стомакот. Тоа е добар избор, но би било уште подобро доколку во водатат додадете и мало парче ѓумбир и почекате малку да одстои. Освеш што ваквиот пијалок е одличен антиоксидант, ѓумбирот е докажано дека ја намалува мачнината, желудечната киселина и го намалува воспалението.
3. Топли облоги
Наполнете топла вода во шише и ставето го на стомакот. Болките ќе се намалат за неколку минути. Топлото поттикнува подобар проток на крв и на тој начин го намалува чувството на болка.
4. Јогурт
Јогуртот содржи добри бактерии, односно прибиотици кои помагаат во враќање на цревната флора во нормала.
Сувото овошје е исто така одличен избор бидејќи има голем број хранливи материи, а на децата мешавината на гогурт со суво овошје сигурно ќе им се допадне мнгоу. За најмалечките, помали од четири години направете каша од суво овошје.

Домашните лекови можат да помогнат многу само доколку проблемот не е сериозен. Доколку детето има изгубено апетит, доколку болките не се смируваат неколку часови, доколку имаат дијареа или пак тврда столица, посоветувајте се со педијатар кој ќе одреди терапија, доколку е потребна.