ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Практични Мајки   >  Помош за мајките – како да го олесните разбирањето што вашето дете сака да ви каже
    Помош за мајките - како да го олесните разбирањето што вашето дете сака да ви каже

    Помош за мајките – како да го олесните разбирањето што вашето дете сака да ви каже

    Ако сте мајка за прв пат, или сте на пат да станете, сигурно ќе ви значи што имаме да ви кажеме за оваа тема. Бидејќи “проблемот” со кој се соочуваат сите новопечени родители е тоа што бебињата не зборуваат, тие плачат. А плачењето нас не асоцира на непријатност, па ако тој плач не застане откако ќе го нахраните вашето најмило, постои страв дека нешто не е во ред со вашето бебе. Сепак, ова е единствениот начин на комуникација додека не научи да зборува, и како да разберете што вашето дете сака да ви каже е тема која подетално подолу ќе ја разработиме!

    Начинот на кој бебето плаче

    Во првите неколку месеци од животот, плачот е единствениот начин на кој бебето може да комуницира со нас. И затоа е важно да научите да го слушате, па дури и да се обидете да ги разликуваме неговите различни типови. Па, тука еве помош:

    Ако плачот трае неколку секунди, па тогаш се одвива пауза, по што бебето повторно плаче, значи дека тоа е плач како повик да дојдете и да го земете. Пауза во плачењето е всушност дека бебето чека да види дали неговиот плач има плод, па ако нема продолжува со него.

    Кога бебето е гладно, тоа плаче во континуитет, често погласно од вообичаеното. И во исто време тоа ја мрда главата и прави гримаси.

    Бебето плаче дури и кога го боли нешто, што е ист плач во континуитет, со интервали кога е погласно, и кога бебето веројатно страда од некои проблеми.

    Кога му се спие, бебето “кенкаво” плаче, и многу често ги трља неговите мали очи.

    Звуци кои ги испушта бебето

    Австралискиот педијатар Прискила Данстан се занимава со оваа тема повеќе од 20 години. Она што таа тврди е дека препознавањето на плачот како звучи и што значи може да го спречи појавувањето на самиот плач.

    Кога бебето е кенкаво, тогаш тоа е генерално мрзоволно и сака да го земете, или му се спие.

    Ако се чини дека неговите звуци се напнати, и при тоа ги стегаат мускулите на лицето, тогаш може да бидат непријатни грчеви во стомакот. Кога бебето ја става устата во позицијата на писмото О, тогаш тоа сака да си играте и да му разговарате.

    Движењата што бебето ги прави

    Говорот на телото е исто така важен за бебето! Кој е нашиот посебен интерес? Кога бебето ги собира прстите во раката и ги стиска, тоа обично значи дека е гладно, дека сака да го нахраните, а кога неговата рака е опуштена, тоа значи дека е сито.

    Кога бебето се протега назад, на пример, кога го храните, тоа може да значи дека го мачи рефлукс. Кај бебиња постари од 2 месеци, ова движење генерално значи дека бебето е уморно.

    Кога бебето мрда со главата , тоа значи дека ќе заспие и ова движење ќе го смири бебето.

    Кога бебето се фаќа за ушите или други делови од неговото тело, тоа значи дека тоа почнува да истражува.

    Ако бебето упорно ги крева нозете, тоа може да значи дека има стомачни тегоби. Исто така, ако бебето брзо ги движи рацете и мавта со нив, тоа може да значи дека тоа е исплашено.

    Драги мама (и тато), се надеваме дека Ви помогнавме!