Поопширно за циклусите на спиење на бебето
Во текот на првите месеци од бебешкиот живот, циклусите на спиење имаат посебен тек. Бебето прво влегува во РЕМ-фаза (препознатлива по движење на очите), а потоа во не-РЕМ-Фаза. По некој месец, овој редослед ќе стане обратен, па РЕМ-фазата ќе следува по не-РЕМ-фазата. Запознајте се со овие циклуси за да разберете зошто бебето спие така како што спие.
РЕМ-фаза: Кога кај бебето се активира режимот на спиење, тој почнува во Рем-фазата. Ова е лесна фаза на сонот. Можно е грчење на рацете, нозете и лицето. Бебето изгледа како да е изненадено. Сето тоа укажува дека режимот на спиење се одвива правилно.
НЕ-РЕМ-сон: Оваа фаза содржи три посебни циклуси.
-Лесен сон: Нема движење на очите, рацете на бебето се “лесни” кога ќе ги подигнете.
-Длабок сон: Длабоко и бавно дишење, рацете и нозете се “потешки”. Бебето треба да изгледа сосем опуштено.
-Многу длабок сон: Телото и екстремитетите изгледаат многу”тешки”. Можно е бебето да не реагира ако се обидете да го разбудите.
Апликација за напредни корисници: тест за фаза на спиење.
Ако сте го заспале бебето со нишкање и сакате да утврдите дали можете да го легнете без да се разбуди, изведете го следниов тест.
1. Фатете една бебешка рака со палецот и показалецот.
2. Нежно кренете ја 5см.
3. Пуштете.
Ако раката падне и бебето не реагира, се активирала фаза на длабок или многу длабок сон, па можете да го легнете бебето без грижа. Ако бебето реагира, во тек е лесен сон или РЕМ-фаза, па дополнителни движења може да го разбудат.