ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Трудници   >  Породувањeто менува се
    Породувањeто менува се

    Породувањeто менува се

    Телесните промени по породувањето за многу жени претставуваат шок, дури ако пред породувањето слушнале за контракции на матката, болки слични како оние во менструалниот период , повеќе неделни крварења, болки во градите … Најголемо разочарување младите мајки доживуваат кога ќе сфатат дека некое време ќе мора да го гледаат опуштениот, голем стомак, бидејќи овој дел од телото не се враќа веднаш во неговата првобитна состојба.

    Како што е потребен период за воспоставување на хормонална рамнотежа, мајките треба да се подготват и за бурни емотивни реакции, тага, нервоза и плачливост. За среќа, сите овие непријатности, кои се нормални по породувањето, обично поминуваат за еден месец или месец и половина.

    Болка во стомакот

    Повеќето жени по породувањето чуствуваат болка слична како во менструалниот период  и кои се јавуваат поради постпородилните контракции на матката. Предизвикани  се од окситоцинот, хормон кој меѓу другото е одговорен за враќање на матката во првобитната состојба. За да се ублажи болката, помага топла бања , но откога крварењето ќе престане. Доколку е потребно, замолете го вашиот лекар да ви препорача лекови за намалување на болката што нема негативно влијание за бебето кое цица.

    Собирање на матката

    По раѓањето, матката тежи околу еден килограм, а по шест недели ќе биде 95% полесна. Ако доите, процесот на намалувањето оди побрзо. Се разбира, матката никогаш нема да се врати на големината пред бременоста, сепак, кога ќе ја вратите силата на стомачните мускули, тоа никој нема да го забележи па ни вие.

    Исцедок

    Нормално е по шест недели по породувањето да имате исцедок со темноцрвена боја со крвни грутчиња, па затоа се препорачува да користите влошки од 100%  памук како и памук во мрежа. Ако исцедокот одеднаш добиесветлоцрвена боја, ако се зголемува количината или големината на грутките и ако мирисот стануванепријатен, задолжително јавете се кај гинекологот, бидејќи овие промени укажуваат на појава на инфекција.

    Тешкотии при мокрење

    Тешкотиипри мокрењето или отсуство на потребата за мокрење не е ретка појава по породувањето, но вие секако се обидувате да внесете што е можно повеќе течност. Така ќе ја вратите енергијата и ќе го стимулирате нормалното функционирање на мочниот меур.

    Чувствителни гради

    Високото ниво прогестерон и естроген го подготвуваат тело за доење, така што градите стануваат посензитивни и поголеми.Кога ќе престанете со доењето или ако не го правите од било каква причина, вашите гради ќе се вратат на слична големина како и пред бременоста во рок од неколку месеци.Тежината што ја добивате за време на бременоста се однесува првенствено на водата од плодот и плодовата вода, а во најголема мера и на градите.На многу жени туш со топла вода пред доење помага да се намали болката во градите, млечните канали се шират и бебето лесно може да го повлече млекото.