Портрет на новороденче – Одговор на многу прашања!
Најчесто поставувани прашања:
–Моето новороденче изгледа како вонземјанец,дали такво и ќе остане?
Кога некој некој ќе ви каже ,,БЕБЕ,, , веднаш помислувате на преслатко бебенце со свилена коса и румени обравчиња како од рекламите за пелени.Но она што ќе ви го донесат после породувањето ни најмалку личи на таа слика.
Напротив,вашето новороденче со толку голема глава ,со згужвано лице и огромни очи,со кратки нозе и широко торзо неодоливо потсеќа на Е.Т,Спилберговиот симпатичен вонземјанец.Се е тоа нормално,не грижете се ,за само неколку недели,вашето бебе ќе изгледа како да е од оваа планета.
-Моето бебе има многу голема глава,дали е тоа нормално?
Да.Главата на новороденче зазема ¼ од вкупната должина на телото.Некои бебиња се раѓаат со издолжена глава затоа што долго време била во породилниот канал.Ако каналот бил тесен главата може и до некој степен да биде изобличена,па да изгледа како бебето да носи вшиена капа(породилен надув).Бебето на главата може и да има модрици или кефалхематоми кои се последица од тешко породување.Сите овие промени исчезнуваат после неколку дена и не оставаат последици.
-Дали е нормално да има црвени флеки по телото?
Кожата на новороденчето е тенка и има белоцрвенкаст тон, поради крвните садови кои се наоѓаат под самата кожа.Кога на бебето му е топло,крвните садови се шират,и лесно можете да ги воочите(како црвени флеки) затоа што кожата е тенка.
-Моето бебе се роди со долги влакна по целото тело,дали наскоро ќе му одпаднат?
Тоа се лануго влакна кои се видливи кај бебиња кои се родени пред време.Оваа пренатална влакнетост може да се сретне по раменцата на бебињата,по целиот грб,чело,образи но и по гениталиите.Не се грижите ,бидејќи ќе паднат во првите недели на бебешкиот живот.
-Забележав дека мојата само што родена ќерка има вагинален секрет,што е тоа?
Поради зголемување на женските хормони од постелката непосредно пред самото раѓање ,и кај девојчињата и кај момчињата може да се појави оток на градите и гениталиите.Од истата причина кај некои девојчиња,како и кај вашето,се појавува и млечен секрет кој може да биде и крвав.Таков исцедок може да се појави од бебешки гради без разлика на полот.
-Зошто моето бебе има отечени очи?
Отечените очи делумно се последица на непријатниот пат на доаѓање на свет.Друга причина,кои ја застапуваат некои научници, е дека отоците се прават како некој начин на заштита на очите при првиот контакт со светлина(обично онаа силна болничка светлина).Ако се плашите дека вашето бебе нема да гледа поради тие отоци-не грижете се затоа што неговите очи секако не се спремни за гледање.