
Портрет на новороденчето
Моето новороденче изгледа како вонземјанец, дали ќе остане такво?
Кога некој вели: “бебе”, веднаш помислувате на симпатично буцкасто бебе со свилена коса и румени образи од рекламите за пелени. А она замотано што ви го предале во породилното одделение не изгледа ни малку така :).
Напротив, вашето новороденче со таква голема глава набиена во вратот, згужвано лице и огромни очи, кратки нозе и широко торзо потсетува на, Спилбергов обичен вонземјанец. Сето тоа е нормално, не грижете се, но за неколку недели вашето бебе ќе изгледа како да е од оваа планета.
Моето бебе има многу голема глава, дали е тоа нормално?
Да. Главата на типично новороденче изнесува една четвртина од вкупната должина на телото. Некои бебиња се раѓаат со издолжена глава, бидејќи нивната глава одамна е во породилниот канал. Ако пролазот бил тесен, главата може да биде малку искривена, така што бебето изгледа како да носи капа со изоштрен врв Бебето може исто така да има модринки или кефалематоми кои се резултат на тешко породување. Сите овие промени исчезнуваат по неколку дена и не оставаат никакви последици.
Дали се нормални црвени дамки на телото?
Кожата на новороденчето е тенка и има белоцрвена боја поради крвните садови кои се веднаш под неа. Кога на бебето му е топло, крвните садови се шират и лесно се забележуваат (како црвени точки), бидејќи кожата е тенка.
Веднаш по раѓањето, го ставија бебето во моите раце и забележав дека е покриено со малку крем. Што е тоа?
Тоа е крем (vernix caseosa) кој ја штити кожата на бебето додека е во матката додека пливаат во амнионската течност. Бидејќи вашето бебе ја имаше оваа маска на телото, тоа значи дека тоа дојде навреме на овој свет. Кога бебето се раѓа по рокот, телото речиси и да не го носи овој намаз, а кожата им е згужвана.
Моето бебе е родено со долги влакна низ телото. Дали тие наскоро ќе паднат?
Ова се laguno влакна кој се видливи кај бебињата родени пред времето. Овие пренатални нежни влакна може да ги има на рамото, по грбот, челото, образите, па дури и на гениталиите. Не грижете се, бидејќи ќе отпаднат во првите неколку недели од животот на бебето.
Забележав дека моето новородено девојче има вагинална секреција. Што е тоа?
Поради приливот на женски хормони од плацентата непосредно пред раѓањето на многу деца, девојчиња и момчиња, може да имаат отечени гради или гениталии. Од истата причина, некои девојчиња, како и вашето бебе, имаат млечен секрет што дури може да биде и крвав. Таков секрет, исто така, може да се појави и од отечени гради на бебињата, без оглед на полот.
Отечените очи се делумно резултат на прилично непријатен пат кога доаѓаат во светот. Друга причина, според некои научници, е дека отоците се создаваат, како еден вид на штит за очи кои само што пристигнале од мракот на матката и биле изложени на осветленоста (обично онаа силна во болница).
Ако се плашите дека бебето нема да ве види поради овие отоции – не грижете се, бидејќи неговите очи сигурно не се подготвени за гледање.