Пост породилни обичаи на различни страни во светот.
Пост породилни обичаи на различни страни во светот.
Обичаите после породувањето се различни во зависност од поднебјето во кое живееме. Некои се старомодни и архаични а поради некои сакаме да земеме пасош и веднаш да се иселиме.
Во сите делови на светот има различни култури кога се работи за пост-породилниот период но, едно е исто- фокус на воспоставување на врска помеѓу бебето и мајката.
Кина
Месец дена по породувањето, мајките во Кина имаат ограничувања кои се однесуваат на храна, пијалоци и работи кои можат да се прават.
Сировото овошје и месо се забранети како и ладна вода. Мајките се хранат со супа и чорби кои помагаат дека се прави поголема количина на млеко. Исто така, во првиот месец не е дозволено ни бањање. Во овој период мајките се облечени во пижами, топли чорапи и се одмараат, со тоа нивното тело би се вратило во нормала и би зајакнело.
Франција
Во Франција мајките кога ќе излезат од болница не се препуштени сами на себа.
Медицинските сестри, секој ден обавуваат рутински позиви и потсетуваат за лекови, се грижат дали е се во ред и дали се направени крвни анализи…исто така, новите мајки имаат физикална терапија која им помага за карличните мускули да се вратат во првобитната ситуација.
Индија
Индија има долга традиција кога е постпородилниот период во прашање. Еве за што се работи.
Во периодот од 40-60 дена мајката и бебето се во домот поради опасности од инфекции и болести. Во овој период мајката е на хранлива диета јаде исклучително лесно сварлива храна со што би ја одржала топлината на телото во констаност. Користењете на сапун е забрането, па мајките се служат со билни препарати за нега. Последна и најдобра работа е што секојдневно добиваат масажа на целото тело со различни масла со што би го зајакнале телото.
Нигерија
Нигерија има симболична традиција, каде првото бањање на бебе, кое иако е усмерено накај бебето сепак се однесува на мајката.
Бабата традиционално прва го бања бебето и тоа го прави со цел, мајката би сфатила дека не е сама и дека има помош за новиот член во семејството.
Германија
Кога жената во Германија ќе остане трудна од гинекологот на првиот преглед добива книшка. Оваа книшка жената ја чува и носи со себе секој пат кога оди на преглед се до породувањето. Ова е многу важно, бидејќи на докторот му помага да го прати напредокот на бременоста и да биде упатен во некои евентуачни опасности.
Латинска Америка
Во Латинска америја карантинот е загарантиран, само што тука трае 6 недели. Мајките не смеат да имаат односи, не ја јадат секоја храна и не работата ништо што предизвикува тешкотија. Целата поента на карантинот е дека мајката треба да се посвети на доење, чување и зближување со бебето. Во текот на овој период останатиот дел од семејството е тука да помогне со останатите деца доколку родителите имаат, готват и ја чистат куќата.
Финска
Финска има една традиција за која во последните неколку години најмногу се зборува. Секое бебе во Финска на поклон добива “кутија за бебе”.
Кутијата има мал душек и може да се користи како кревет за бебето. Заедно со душекот, во кутијата се наоѓаат и неколку други потребни работи за новороденче, облека, скафандер, капа, пелени, сликовница, козметика за бебе….
Њу Џерси и Алабама водејќи се по овој пример, го имаат усвоено истиот закон и така ја имат намалено стапката на смртност на новороденчето.