Пост породилни одговори на прашања кои си ги поставува секоја жена
Жените по породувањето имаат чувство дека нивната вагина не е иста како претходно, поточно дека е поширока и мека. Исто така може да биде и отечена. Тоа е вообичаено, а отокот и отвореноста на вагината би требало по неколку дена да се намалат. Сепак, она што жените ги интересира е дали по одредено време вагината во потполност ќе се врати во првобитниот облик или после породувањето ќе остано трајно променета.
Вагината по секое ширење, се враќа во првобитната ситуација.
Вагиналните мускули се исклучително еластични и функционални по принципот на растегнување, па не мора трајно да се прошири.
Вагината е како насобрано црево кое после проширување се враќа во првобитата ситуација, па и после породувањето. Таа се прилагодува и шири повремено и не постои можност како орган трајно да се прошири или зголеми. Во рок од 6 недели од породувањето мускулите во карличното дно и бешиката се враќаат во нормала, а самата вагина е иста како и пред три до 6 месеци.
За зајакнување на мускулите во карлицата се препорачуваат кегелови вежби.
Она што во ретки ситуации може да се случи е веќе ослабените мускули во карлицата да не се вратат во “форма” по породувањето, но тоа е ретко и тогаш помагаат кегеловите вежби, кои гинеколозите ги препорачуват.
Жената најлесно и наефикасно ќе ги направи кегеловите вежби доколку наутро кога бешиката е полна, па додека мокри да го прекине млазот два до три пати. Оваа вежба инаку се препорачува за секоја жена, било да се работи за жена која раѓала или пак не. Со тек на времето во текот на стареење и со недостатокот на естроген доаѓа до опуштање на мускулите и неконтролираното мокрење.