• Нема производи во кошничката.
a
  >  Актуелно   >  Постпородилна депресија
Постпородилна депресија

Постпородилна депресија

Постпородилната депресија е сериозна психичка состојба која се јавува кај родилките. Се препознава по лошото расположение, чувството на тага, бескорисност и безнадежност. Не е реткост жените во оваа состојба да имаат и најцрни мисли како оние да си наштетат себеси или на своето бебе. Во едно истражување, дури 30% од жените признале дека низ глава им поминувале мисли да си наштетат себеси, а дури 41% од депресивните мајки признале дека барем еднаш имале мисла да му наштетат на своето бебе.

Ако сфатите дека се наоѓате во состојба која не е вообичаена и забележите дека и вашето бебе пати поради тоа, наместо чувството на вина веднаш започнете со барање на адекватна помош. Не дозволувајте другите подобро да знаат од вас што за вас претставува “нормално”, “очекувано” и што ќе пројде само од себе за брз временски период.

Што се случува со бебето кога мајката пати од постпородилна депресија?

Психичкото здравје на мајката е многу значајно, не само за нејзе, туку и за нејзиното бебе. Мајките кои патат од депресија, често се оневозможени да се грижат за бебето на најдобар можен начин.

Во оваа состојба мајките ретко го гушкаат бебето, помалку му зборуваат и читаат, односно доаѓа до нарушено поврзување на мајката со бебето. Освен тоа, во оваа состојба често се случува мајките да не го однесат на време бебето на редовните контроли кај лекар и да не се придржуваат на правилата за безбедност кои се важни за бебето.

Бебињата и децата кои живеат со мајки кои долг временски период  патат од постпородилна депресија, како последица ги карактеризираат низа особини:

-бавен напредок;

-одложен развој;

-проблеми со спиењето;

-проблеми во однесувањето;

-емоционални проблеми;

-проблеми со учењето/примање на нови информации;

-интелектуални пречки;

-пречки во физичкиот развој.

Имајте во предвид дека на одредени симптоми им се потребни години за да се исполнат.

Барањето на помош е првиот најважен чекор

Поради децата, поради мајката, поради сите нас, важно е да знаеме како да го препознаеме овој нималку редок проблем.Кога ќе го препознаете проблемот кај себе или кај некој од својата околина, не одлагајте да побарате помош од стручно лице. Тоа може да биде вашиот одбран лекар, психолог или психијатар. Важно е на време да сфатите дека имате проблем кој нема да пројде сам.