Постпородилни килограми: Седум паметни начини, да намалите килограми додека доите.
Постпородилни килограми: Седум паметни начини, да намалите килограми додека доите.
Постојат многу заблуди за слабеење и доење. Едни веруваат дека вишокот на килограми магично ќе си заминат ако доите додека други мислат дека баш тогаш е најтешко да го вратите телото како пред бременоста.
Ни едното ни другото не е во потполност точно. Доењето само по себе согорува калории, поточно 500 или повеќе. Но губењето на килограми во текот на доењето е редок случај бидејќи доењето ги прави мајките гладни.
Гладни и уморни, тазе мајките имаат тенденција својата желба да ја оставарат на најбрз начин и тоа преку јаглехидрати, а познато е дека јаглехидратите не се вистински избор за губење на килограми.
1. Не брзајте
Соочете се со реалноста-нема веднаш да се облечете во своите фармерки од пред бременоста, затоа нема потреба ни да ги пробувате се со цел, да не се депримирате.
Секој орган во вашето тело бил поместен, а во исто време телото се раширило за да има место за бебето. Девет месеци сте се дебелееле затоа дајте си на себе барем 9 месеци да ги изгубите килограмите.
2. Правете паметни избори
Размислете пред да огладните. Наместо да посегнете по чипс-направете пуканки. Наместо грицки, земете овесна каша. Овесната каша претставува одличен доручек за мајките кои дојат, а ве држи сити подолго време.
Печените компири или барениот зеленчук исто така можат да ве заштитат на долг период и да ги задоволат потребите за јаглени хидрати. Интегралниот ориз исто така е добар за прилог со ручекот како и ужина помеѓу оброците.
3. Припремете се
Како и претходниот ден, припремете пола оброк. Ќе ви би многу полесно ако ве обземе глад да не посегнувате по не-здраво решение. Исецкајте овошје и зеленчук и оставете го во фрижидер или сварете и замрзнете некоја лесна храна за подоцна да ја подгреете.
4. Јадете малку но почесто
Ако мајките имаат нередовни оброци тоа може да остави последица за создавање млеко.
Ќе дојде до опаѓање на инсулинот кој може да влијае на ниво на тироидните хормони (хормон на штитна жлезда). Поточно, се намалува нивото на пролактин-хормон кој влијае на производство на млекото. Кога сте гладни, пред да посегнете за нездрав оброк, поделете го пола, а со тоа и поделете ги калориите. Направете два оброка од еден и не дозволувајте да бидете гладни.
5. Ограничете го внесот на калории
Совршено е безбедно да држите диета додека доите се додека внесот на калории не падне под 1800 и се додека имате широк спектар на хранливи намирници кои ги внесувате.
6. Вежбајте колку што ви дозволуваат обврските
Почекајте барем шест до осум недели додека не започнете или додека не се вратите на режим со сериозно вежбање. Ако планирате да започнете со вежбање, јадете здрави јагледни хидрати пола час пред вежбање и тоа ќе спречи да го намалите производството на млеко.
7. Бидете трпелливи
Секој губи на тежина со одредено темпо, затоа немојте да се обесхрабрувате ако почетните резултати не се задоволувачки. Добрата работа е што можете да прилагодите план за намалување на килограми според вашиот начин на живот и обврските, без разлика дали се работи за намалување на калории или пак вежбање.