• Нема производи во кошничката.
a
  >  Деца   >  ПОТРЕБИТЕ НА БЕБЕТО КОГА ПАТУВА
ПОТРЕБИТЕ НА БЕБЕТО КОГА ПАТУВА

ПОТРЕБИТЕ НА БЕБЕТО КОГА ПАТУВА

ПЕРНИЦА ЗА ВРАТ-Кога патувате со бебето, поголемиот дел од патот бебето го преспива. Тоа спиење да биде удобно неопходно е да има добар потпирач за вратот и главата. На пазарот постојат голем број облици и модели, полнети со различен материјал како памук, пердуви, полиестерска мешавина, полнети со воздух па се до различни семиња и лушпи.

Најнова и најдобра иновација е да биде од мемориска пена со хипоалерген  материјал, да е еластична, да може да се обликува спрема главата на бебето и да има навлака од мек памук. Мекиот материјал на допир овозможува пријатност и удобност додека мемориската пена нежно се прилагодува спрема контурите на телото. Единствена мана на овие перници е тоа што многу брзо ја губат цврстината и обликот.

ЗАШТИТА ОД СОНЦЕТО ВО КОЛА-кога се подготвувате за одење на пат со бебе, неопходно е да ги припремите и да ги монтирате заштитниците за сонце. Тие го заштитуваат бебето од директна сончева светлина, со помош на вакум системот заштитниците за сонце лесно се поставуваат на задниот прозор на автомобилот. Постојат две верзии, трапезни и со рол-ап систем. Изработени е од прозирен материјал, па бебето ќе биде заштитено во текот на патувањето од сонце а во исто време ќе може да ужива во видикот.

НАОЧАРИ ЗА СОНЦЕ-очите на бебето и детето се многу осетливи на прекумерно изложување на UV зраци. Сончевите зраци може да предизвикаат разни проблеми (иритации на очите, катаракта). Рожницата на детето 70% повеќе пропушта светлина во однос на очите на возрасните личности. Со носење на наочарите за сонце треба да се почне кога децата ќе почнат сигурно да одат. На нив им се купува наочари со сертификат, затоа што со собирање и ширење на зениците се регулира количината на светлината, а со тоа и зрачењето кое навлегува во окото. Секогаш се бираат наочари кои имаат флексибилни оквири и изработени се од материјал кој тешко се крши (никако стакло), оквирот треба да биде поголем, прилагоден. На краевите на рачките се става еластична трака за да се спречи губењето на наочарите.

ЧАДОРЧЕ ЗА ЗАШТИТА ОД СОНЦЕ НА КОЛИЧКАТА-Со доаѓање на убавото сончево време мајката и бебето, поминуваат се повеќе време надвор. Во текот на летните денови треба да се биде внимателен поради јакото зрачење на сонцето. Чадорчињата за заштита од сонце на количката станаа сојузници против сонцето во долгите летни прошетки. Тие се наменети да го заштитуваат бебето од опасните UV зраци. Овозможуваат 99% UV заштита на многу високи температури. Кога одбирате чадорче потребно е да обрнете внимание на растојанието на штипките за поставување на количката, затоа што има различни рамки на количките со округли или со сплоснати цевки. Дршката која се витка го прави да може да се врти спрема правецот од каде што допираат сончевите зраци. Најдобро е со количката да отидете во продавница и така да го одберете најдоброто чадорче за сонце кое ќе одговара на вашата количка.