ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Поттикнете ја физичката активност кај децата
    Поттикнете ја физичката активност кај децата

    Поттикнете ја физичката активност кај децата

    Ако децата дневно поминуваат неколку часови гледајќи ТВ и играјќи видео игри, а немаат други активности – трчање, скокање, престој во природа, тие деца сигурно влегуваат во ризик за појавување на некои пореметувања во развојот.

    Денес има се повеќе деца со пореметување во учењето, па затоа се советуваат родителите да не им забрануваат на своите деца да скокаат по креветот, вирчињата, да се превртуваат, затоа што е докажано дека тие инстинктивни игри влијаат на развојот на мозокот на детето и неговата интелегенција.

    Најновите светски податоци покажуваат дека децата со мала физичка активност имаат намалување на длабоките структури во мозокот кои учествуваат во когнитивните (дознавачки) процеси. Се советува децата, посебно во предучилишната возраст до петтата година, многу да скокаат, трчаат, да претстојуваат во паркови, во природа.

    Се повеќе има деца со пореметување во учењето (дислексија, дисграфија), пореметување во говорот, 90% од децата имаат неправилно држење на телото и никој не сфаќа дека сето тоа подоцна ќе влијае на нивните когнитивни способности, предупредуваат стручните лица.

    Докажано е дека 50% синапси (функционална врска помеѓу една нервна келија и друга келија) се развиваат кај детето до петтата година, низ активностите во играта, која им пречи на родителите. Детето на две години често скока по креветот, а тоа родителите не го дозволуваат, за да не се расипе креветот. Или на пример децата одат по ниските огради, банкините, скокаат во калта, се вртат околу себе, се качуваат каде ќе стигнат.

    Родителите не им дозволуваат тоа да го прават, и со тоа прават голема грешка, затоа што на децата им дозволуваат да седат неколку часови на компјутер.

    70-90% од децата имаат во својата соба ТВ, компјутер, видео игри, а се знае дека прекумерното гледање телевизија, играње видео игри, може да го оштети развојот на вкупната способност на детето.