ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Практични Мајки   >  Поврзете се со бебето пред неговото раѓање
    Поврзете се со бебето пред неговото раѓање

    Поврзете се со бебето пред неговото раѓање

    Поврзете се со бебето пред неговото раѓање

    Сакате да зборувате со вашето бебе во стомакот? Одлично! Тоа е само еден начин на кој можете да воспоставите блиска и емотивна врска со своето бебе иако е во стомакот. На тој начин остварете едно убаво и мирно искуство за време на бременоста и припремете го бебето за запознавање со својата мајка.

    Авторката на книгата “The Greatest Pregnancy Ever”, Laurel Wilson, укажува на тоа дека има се повеќе докази кои потврдуваат како мајчиното здравје (вклучувајќи го и нејзиното психичко здравје), влијае на бебето кое расте во стомакот.

    Неколку студии покажале дека стресот и депресијата во бременоста можат негативно да влијаат на развојот на бебето. Па според тоа, кога мајката се чувствува среќна и опуштена, многу влијае на бебето, вели Laurel.

    Ви препорачуваме 5 начини преку кои можете да ја зголемите својата пренатална врска со бебето.

    1. Разговарајте со бебето

    Одвојте време да испратите позитивни мисли на своето момче или девојче. Помислата дека допридонесувате за развојот и здравјето на вашето бебе ќе ве смири и ослободи од стресот и негативните мисли.

    2. Почесто одмарајте

    Можеби ви звучи чудно, но вашиот сон може да ја зајакне врската со вашето бебе. Кратки одмори многу влијаат на намалување на стресот кој многу ве погодува и вас и вашето бебе.

    3. Дружете се со трудници

    Запознајте други трудници во вашата околина со што заедно ќе размените искуства од бременоста. Чувствувањето на поддршка и позитивниот став од другите многу ќе ви помогне да се чувствувате многу подобро во текот на бременоста и многу полесно да ги прифатите промените кои ќе следат.

    4. Пејте му бебето

    Пеењето не само што ќе ве опушти вас, туку и вашето бебе кое од 18та седмица има развиен слух и може да го слуша вашиот глас и на тој начин да ве препознава.

    5. Бидете креативни

    Направете вежби за трудници, започнете да цртате или научете некоја нова техника на готвење. Сето она што може вас да ве збогати со задоволство и да ви го исполни времето исто така може да ве припреми за мајчинство и да ви помогне да бидете подобра мајка.