ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Позитивни и емотивни: 6 занимливости за децата родени во Јули
    Позитивни и емотивни: 6 занимливости за децата родени во Јули

    Позитивни и емотивни: 6 занимливости за децата родени во Јули

    Прочитајте кои занимливости и особини се врзуваат за децата родени во Јули

    Мајките на кои терминот за породување им е во Јули нестрпливо ги очекуваат своите принови, а уште една добра вест е дека ќе родат бебиња кои на животот ќе гледаат низ “розеви очила”.

    А еве и некои занимливости за децата родени во Јули:

    1. Секогаш на животот гледаат позитивно

    Истражувањата покажаа дека луѓето родени во Јули често имаат добар поглед на животот. Пролетните и летните месеци се топли па таков е и темпераментот на децата кои се тогаш родени.

    2. Многу важни личности се родени во Јули

    Јули и го носи името по еден од своите најпознати претставници – римскиот цар Јулије Цезар кој е роден на 12-тиот или 13-тиот ден во месецот. Познати личности кои исто така го славеле својот роденден во Јули се и принцезата Дајана (1Јули), Никола Тесла (10 Јули), Нелсон Мандела (18 Јули), Џеки Кенеди (28 Јули).

    3. Добро ги контролираат емоциите

    Спрема едно истражување спроведено во Јапонија, бебињата кои се родени на лето се посмирени и подобро ги контролираат емоциите од нивните есенски или зимски врсници во тек на првите месеци од животот. Децата родени во Јули имаат премногу емоции и рано учат да се носат со истите, па кога ќе пораснат, подобро управуваат со однесувањето, поготово кога ќе се најдат во расправа или кога ќе откријат своја или туѓа грешка.

    4. Им треба поголем надзор

    Летните деца се нешто позаиграни и често низ играта залутуваат во некој свој свет, па во периодот на школување ќе им биде потребен зголемен надзор како би биле поуспешни во исполнувањето на обврските.

    5. Највисоки се во класот

    Бебињата родени во Јуни, Јули и Август имаат поголема породилна висина и тежина. Поради тоа се и подоцна малку повисоки од своите врсници.

    6. Спрема истражувањата, нејмногу левораки луѓе се родени во Март и Јули.