
Практични совети од страна на многу воспитувачи: Припремете го вашето дете (а и себе ) за во градинка
Адаптација во период од две до три недели
Просечната адаптација за едно дете да биде спремно да седи 8 часа во градинка е околу две до три недели. Детето постепено ќе почне да го пронаоѓа своето место во градинка преку игра која ќе ја има со дечињата и на тој начин ќе се привикнува на групата.
Но, секој пат кога детето ќе направи пауза од одење во градинка од различни причини како (болест, одмор или други причини), доживува потреба за повторна адаптација со цел повторно да се чувствува како дел од групата. Ова најмногу се чувствува и може да се види во текот на првата година дена од престојот во градинка.
Прв ден во градинка
1.Отпрор од страна на детето е сосема нормална работа која за сите родители треба да биде очекувана.
2. Потрудете се барем на почетокот секој пат вие како родители да го носите и да го земате детето.
3. Не си заминувајте без поздрав или во брзање, но секако и не се задржувајте премногу, тоа може само да ви го отежни процесот на прилагодување.
4. Секогаш доаѓајте во соодветно време за да си го земете детето.
5. Оставете му на детето доволно време за да го совлада целиот бол кој ќе му биде предизвикан од одвојувањето со вас.
6. Поминувајте повеќе време со вашето дете во остатокот од денот или викендите со разни активности кои се интересни за него.
7. Доколку одбива да зборува за градинката, не настојувајте. Она што вас ве интересира подобро е да го дознаете преку игра.
8. Покажете му на вашето дете дека го прифаќате и покрај тоа што тоа не ја прифаќа градинката.
9. Доколку после голем напор кој сте го дале во смисол на разбирање и подржување на вашето дете, тоа продолжи многу да пати поради градинката и тоа трае повеќе од еден месец, тогаш најдобро е да побарате совет од стручно лице.
Што се случува доколку направите префрлување на детето од една во друга градинка ?
Неколку воспитувачи се согласуваат дека преминот од една во друга градинка понекогаш може да биде меч со две острици, бидејќи не можеме да знаеме на кој начин детето ќе изреагира на новата промена и опкружување, без разлика што веќе вашето дете имало искуство со посета на градинка или пак со работа во група. Вашето дете до пред промената било навикнато на своите воспитувачки, другарчиња со кои јадело, спиело и секојдневно си играло. После ваква промена тоа мора повторно да се привикне на нешто ново. Добро е и позитивно доколку вашето дете познава некое детенце во новата градинка, но сепак и тоа не е сигурност дека вашето дете лесно ќе ја прифати промената.
Сепак сите овие промена не треба да ве плашат бидејќи се премногу лични и зависат најмногу од детето. А вие како родителите ова го знаете најдобро. Затоа пред било каква промена да направите размислете уште еднаш како вашето дете ќе ја прифати истата.