ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Практични Мајки   >  Практични совети за родителите: Помогнете му на детето да го надмине стравот од капење
    Практични совети за родителите: Помогнете му на детето да го надмине стравот од капење

    Практични совети за родителите: Помогнете му на детето да го надмине стравот од капење

    Многу малечки се престрашени штом видат дека се припремате да ги капете, па тоа за Вас станува вистински предизвик. Низ овие неколку совети, Вашето бебе полесно ќе се смири и после некое време ќе го засака капењето.

    Зошто новороденчињата се плашат од капење

    Малите бебиња можат да се чувствуваат престрашено, не им се допаѓа промената на температурата, или пак не го сакаат чувството на допирот со водата.

    Повозрасните бебиња и помалите деца можат да се плашат од звукот на водата додека проаѓа низ сливникот, а некои и од лизгањето под вода. Исто така на некои нема да им се допадне и тоа што мораат да ја наводенат косата, а сапунот во очи допрва ќе им биде непријатна појава.

     

    Како да се надмине стравот од капење

     

    Кога детето е многу уплашено, најдобро би било тој страв да го сфатите навистина сериозно и да не го присилувате да влезе во вода во моментот кога е вознемирено.

    Кога е новороденче во прашање, капењето можете да го олесните така што ќе користите кадичка за бебе, затоа што така во мал простор ќе се чувствува посигурно. Бидете сигурни дека температурата на водата е доста слична со температурата на телото.

    Кај повозрасните бебиња или помладите деца, навиката за капење може да се постигне на неколку начини.

     

    •  Пополека запознајте го со кадичката – На пример, оставете го бебето да седи во празна кадичка и симулирајте капење со сунгер. Во моментот кога ќе се чувствува сосема пријатно, можете да пробате да додадете малку вода на дното од кадичката.
    •  Бебешката кадичка ставете ја внатре во кадата на некое време, се додека потполно не се навикне на тоа.
    •  Капете се со своето дете. Ставете го помеѓу Вашите нозе или во скут, како би се чувствувало посигурно.
    •  Користете столче за капење како бебето би можело да седи во кадата. Иако е на столче, морате да бидете присутни додека се капе.
    •  Користете подлога која не се лизга, така што малечките нема да се плашат дека ќе се лизнат поради водата.
    •  Извадете го бебето надвор од кадата, а доколку е потребно и надвор од купатилото, пред да ја пуштите водата да пројде низ сливникот. Звукот на водата која поминува може да биде застрашувачки за децата.
    •  Доколку Вашето дете е загрижено дека шампонот ќе му влезе во очи, можете да користите посебно дизајнирани капи за капење. Тие ги држат меурчињата и водата подалеку од очите на детето. Уште една добра идеја е да користите шампони кои не ги иритираат очите на децата.
    •  Доколку и понатака не го прифаќаат капењето, можете да пробате со туширање. Без оглед на тоа дали го држите детето во раце или седите покрај него.
    • Купете играчки специјално наменети за капење – топчиња, патчиња или мрежички. Доколку е малку поголемо, пуштете го детето само да ги избере играчките.
    •  Капете ги постарите и помладите деца заедно. На тој начин помалите уплашени деца ќе видат како постарите уживаат во капењето и не се плашат.
    •  Искористете го времето за капење како шанса за дружење со своето дете. Пејте песнички, или играјте игри додека се капете.
    • Пробајте да го промените периодот од денот наменет за капење. Некои деца повеќе сакаат да се капат наутро, додека сеуште не се уморни и плачливи.