Правила на хранење на бебето со шише
Какво шише да се одбере? Стаклено или пластично?
Стаклото е постојан материјал, а стакленото шише лесно се мие и стерилизира, а и е долготрајно. Од друга страна тоа е потешко и постои оасност од кршење.
Последните децении пластичните шишиња речиси ги тргнаа од употреба стаклените шишиња, бидејки тие се практични, лесни и некршливи.
За разлика од стаклото, пластиката е материјал кој е повеќе склон кон бактерии, а експертите предупредуваат дека таквите шишиња треба да бидат добро одржувани. Причината поради која родителите предпочитаат да избираат стаклени шишиња повеќе не е релевантна. Имено, производителите на пластични шишиња денес ги отфлија штетните состојки, вклучувајќи го и бисфенол А.
Каква цуцла да се одбере?
Постојата два вида на цуцли, гумени и силиконски.
Гумената е направена од природен каучук, мека е и еластична. Ова е причина зошто е погодна за малку постари деца чии заби растат и можат да ја грицкаат.
Но бидејки се направени од природни материјали, полесно е да се фатат микроорганизми на неа, а и со честа стерилизација се губи квалитетот.
Од друга страна силиконската цуцла е потврда, помалку еластична, така што бебето лесно може да ја прегризе ако има заби. Затоа силиконската цуцла е попогодна до 6 месеци, додека бебето нема заби. Отпорна е на високи температури и лесно се стерилизира во топла вода или во микробранова печка.
Хигиена на шишињата
Шишињата треба да се мијат по секоја употреба. На почетокот се стреилизираат пред секој оброк. Но за секој тип шише треба внимателно да се прочитаат инструкциите за стерилизација, бидејки одржувањето и издржливоста на шишето ќе зависат од него, како и неговата безопасност за детето.
По третиот месец, доволно е да се мие шишето со вода и детергент. Но, треба да се внимава да се мијат и исплакнат сите делови од шишето кои биле во употреба, а не само оние кои биле во контакт со млекото. Бидејки во млекото можат лесно да се размножуваат бактерии, исто така важно е да знаете дека преостанатата млечна формула во шишето не може повторно да се загрее и да му се понуди на бебето. Секогаш треба да се фрли и да се подготви свежа храна.
Што треба да се понуди на новороденчето во шише, млечна формула, вода или сок?
На новороденчето треба да му се дава млеко во шише само доколку имате проблем со брдавиците или долколку правите млечна формула.
Мајчиното млеко во првите 6 месеци ги задоволува сите нутритивни вредности и потреби за течност бидејќи содржи околу 88% вода, така што во првите месеци нема потреба од дополнителни количини вода, освен ако педијатарот не рече поинаку. Истото важи и за бебињата кои се хранат со млечна формула. Подгответе ја млечната формула токму според упатствата дадени на пакувањето, не додавајте повеќе вода од наведеното.
Која млечна формула да се одбере?
Најдобра млечна формула е онаа што бебето ја прифаќа и добро напредува. Составот на млечната формула и контролата во производствениот процес е истоа така важен. Кога детето има некои проблеми со варењето карактеристични за таа возраст (бљуцкање, грчеви, запек) се препорачува да се користи специјално прилагодена млечна формула.
Дали формулата на млекото треба да се подготви однапред?
Секогаш е најдобро да се подготви млечната формула непосредно пред оброкот, бидејки ова е единствениот начин да бидеме сигурни дека формулата е беспрекорна. За олеснување на хранењето во текот на ноќта, родителите можат да ја загреваат водата и да складираат во шише со термос.
Како да се подготви млечната формула ?
Следете ги упатствата на пакувањето. Во подготовка важно е да водата има 40 степени. Така млекото е најдобро растворливо, истовремено задржувајќи корисни состојки (како витамини и пробиотици) но сепак постојат и некои формули кои бараат повисоки температури. Ви препорачуваме прво да го “протриете“ шишето меѓу дланките и потоа нежно да ја протресете млечната формула за да убаво се раствори. Кога го нудите на вашето бебе , оставете да се олади до 37 степени.
Како ќе знаете дека хранењето е завршено?
Бебето најдобро ќе го регулира влезот според неговите потреби. Наместо да се придржувате до фиксни количини дозволете да ви покаже само кога е доволно.
Ако станува немирно за време на хранењето, веројатно сака да престане да се храни. Ако дури и откако ќе испие си продолжува да цица и да повлекува од празно шише, се уште е гладно.
Како да му помогнеме на бебето да подждригне?
Задржувањето на воздухот во цревата може да предизвика болка. Обично бебето треба да подждригне еднаш за време на оброкот, а потоа уште еднаш по хранењето. Особено важно за мали доенчиња (во првите месеци од животот).
Експертитете укажуваат на овие позиции:
1. Држете го бебето во седечка позиција на вашето рамо, свртено на страна, ставете му ја едната рака на стомачето, другата на грбот, привлечете го кон себе и галете го по грбот со двжења нагоре – надолу.
2. Земете го бебето во вашите раце и ставете ја неговата глава на вашето рамо , а потоа галете го по грбот.
3.Ставевте го бебето свртено на стомак на вашето рамо и галете го по грбот. Кога ќе го вратите во нормална положба тоа ќе подждригне.
При подждригнување може и да поврати малку, што е и нормално. Секако имајте на ум дека немаат сите бебиња потреба од подждригнување по секој оброк.
Враќање на храна
Зборот “бљуцкање“ се користи кога храната од желудникот нежно излегува низ уста, обично во мали количини. Карактеристично за бебињата во првите месеци од животот. За да го намалиме враќањето на храната (млекото), полека кренете го бебето во вертикална положба и така нека остане околу 20-тина минути, без разлика дали подждригнало или не. Исто така е важно желудникот да не им биде премногу полн, бидејќи во тој случај, бљуцкањето е неизбежно.