• Нема производи во кошничката.
a
  >  Деца   >  Правилна нега на ушите кај децата
Правилна нега на ушите кај децата

Правилна нега на ушите кај децата

Спречете ги повредите на нежните детски уши кои можат да настанат со неадекватно оддржување на хигиена.

Правилно оддржување на хигиена на увото, доколку увото е здраво, се врши со миење со сапун, вода и бришење со крпа.

Многу проширениот обичај хигиената на увото или носот да се оддржува со стапчиња е погрешен.

Со стапчињата не може да се одстрани церуменот (ушната маст) туку се турка подлабоко, се набива и насобира па така е многу тешко да се испере или одстрани.

Освен тоа со стапчиња не може да се оддржува адекватна хигиена на увото, без оглед на тоа што истите имаат крај заштитен со вата, тие не се погодни за била каква манипулација во надворешниот ушен канал.

Со нивната употреба може да дојде до повреда на кожата на каналот, ушното тапанче, па дури и на слушните ковчиња.

На механичка повреда на кожата на надворешниот ушен канал често се надоврзува и инфекција, особено во летни услови, поради капење во бактериолошки загадена вода (базени, реки, езери, мориња), што предизвикува силна болка во увото и значајни тегоби.