• Нема производи во кошничката.
a
  >  Деца   >  Празници: На кој начин децата би требале да веруваат во Дедо Мраз
Празници: На кој начин децата би требале да веруваат во Дедо Мраз

Празници: На кој начин децата би требале да веруваат во Дедо Мраз

Иако во легендата за Дедо Мраз децата ширум светот веруваат уште многу одамна, денеска многу родители ги учат своите деца дека тој не постои и дека се е лага. И додека во некои семејства во тек на целиот декември со нетрпение се очекува Дедо Мраз, од друга страна се оние родители кои како што велат, не сакаат да ги лажат своите деца.

Симбол на добрите работи

Дедо Мраз е симбол за радост, добрина и подароци. Спрема легендата, тој секоја година остава подароци под елката за децата кои биле добри. Децата треба да веруваат во него. Можеби не како за дедо со бела брада во црвено одело, туку да веруваат дека во животот ќе бидат наградени доколку бидат добри. Треба да веруваат во нешто и на тоа да се надеваат и да се радуваат.

Непроценливи спомени

Верувањето во Дедо Мраз ги учи децата да се радуваат на малите работи. Кога ќе пораснат нема премногу да се сеќаваат на играчките кои ги добиле како подарок или на слатките на кои тогаш им се радувале. Ќе ги памтат моментите на среќа, празнична атмосфера и радост.

Чувството на возбуда додека ги пишуваат своите желби на Дедо Мраз, нетрпеливоста додека го чекаат своето пакетче, благодарноста за остварените желби. Ќе го памтат волшебството на празниците кое приказната за Дедо Мраз ќе го наддополни.

Немојте да се плашите како детето ќе реагира кога ќе дознае дека Дедо Мраз не е токму она што тие го очекувале кога биле мали. Тие тоа некако ќе го прифатат и подоцна ќе го заборават, но магијата на празниците за своето рано детство секако ќе ја запамтат.

Приказните за Дедо Мраз се нешто налик на бајки и се важен дел од растењето на детето. Ја поттикнуваат имагинацијата на детето и апстрактното размислување.

Немојте да му оневозможите на вашето дете да верува во нешто позитивно. Бидете неговиот Дедо Мраз.