ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  ПРЕД ТЕЛЕВИЗОРИТЕ “ТОМ И ЏЕРИ “
    ПРЕД ТЕЛЕВИЗОРИТЕ “ТОМ И ЏЕРИ “

    ПРЕД ТЕЛЕВИЗОРИТЕ “ТОМ И ЏЕРИ “

    ПРЕД ТЕЛЕВИЗОРИТЕ СО „ТОМ И ЏЕРИ“

    Со годините, промените и воведување на некои нови норми и правила на семејното однесување, како да ги подзаборавивме оние вредности што го правеа семејниот живот поубав и порадосен.

    Една од причините е големата експанзија на интернетот, кој во сенка ја стави улогата на телевизијата т.е. на малата кутија  во средината на дневната соба –телевизорот, како центар на семејните собири.

    Со носталгија низа генерации се сеќаваат на убавите мигови во вечерите или неделните попладниња, кога сите пред телевизорите се гледааомилените програми на сите членови од семејството. И сето тоа за децата завршуваше со гледањето на цртаниот филм и потоа задолжителна вечера, миење на заби и во кревет.

    Тие вредности се изгубија или некаде патем во глобалните промени исчезнаа.

    Насловниот плакат од 1940-1957

    Еден од најомилените  цртани филмови на многу генерации, кој сеуште е активен и во кратки и долги играни форми е цртаниот филм за двата јунаци „Том и Џери “.

    Инаку двата лика на домашниот Мачор Том и домашното глувче Џери, со комични но садистички карактеристики ги создадоа во 1940 годин Вилијам Хана и Џозеф Барбера. Доживеаја над 140 сезони, телевизиси серии (1975), “Комедија шоу“ од (1980-1982 ), „Том и Џери приказни“ (2006-2008 ), „Том и Џери Шоу“ од 2014 до сега , и 13 играни филмови. Продукција која е за восхит на глобални рамки

     

    Том и Џери во акција

    За жал генерацииве што растат кај нас немаат можност да уживаат, да учат и да се смеат со се она што го прават двата интересни и комични карактери.

    Ако се иземе глобалната дебата пред 20-тина години, за тоа колку овој цртан филм на двата комични лика предизвикува насилство кај децата, кое од различни аспекти комуниколозите и психолозите различно го оценуваат, сепак ликовите на Том и Џери се едни од оние врежани во моделите на идентификација кај сега младите луѓе и со тоа е вредно за почит.

    Превземено од www.kulturno.mk 

    https://youtu.be/nqTCPjR8NVg