ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Трудници   >  Предвремено родени деца – Прашања и одговори
    Пред време родено бебе - Прашања и одговори

    Предвремено родени деца – Прашања и одговори

    Бебе родено пред 37ма недела од бременоста, се смета дека е предвреме родено. Се смета дека бебето во 24та недела од бременоста е доволно развиено да може да преживее ако се роди, но секако треба да биде под лекарска нега и помош. Бебе родено во 24та недела не е доволно зрело во секој случај да преживее.

    Колку е опасно доколку бебето се роди пред терминот?

    Пред време родените деца се најчесто мали и недоволно развиени. Оние кои се родени пред 28 гестациска недела, посебно се чувствителни . Нивните органи се премалку зрели за да можат да -функционираат добро надвор од матката на мајката. Затоа, за предвреме родените деца, во одредени ситуации постои опасност дека бебето може да има некои здравствени проблеми како што се:

    -Дишни проблеми (развој на хронични болести на плуќа, проблем во развојот на плуќа)
    -Кардиоваскулатни проблеми
    -Жолтица поради незрела јетра и органи за варење
    -Проблем со исхраната (неспособност да го кординираат цицањето и голтањето, нетолеранција на млеко)
    -Неуролошки проблеми
    -Пореметување на развојот во крвните садови во очите

    predvremerodenobebe, bebe, trudnica, majka, babyshop, babyshopmk, babyshpoblog

    Како изгледа пред време родено дете?
    Основната карактеристика на предвреме родените бебиња е општа незрелост на органите и системот кој е важен за живот. Бебешката кожа е тенка и прекриена со фини влакна, а крвните садови се под нив и доста видливи. Мускулите и поткожното ткиво се слабо развиени, па бебето изгледа ситно и слабо. Плачењето едвај се слуша. Со тек на време, бебето созрева, напредува, расте и добива изглед на дете родено во термин.

    Како треба да се негува пред време роденото бебе?

    На вашето бебе му е потребно многу внимание, нежност и топлина. Затоа треба да бидете покрај бебето и да создадете близок контакт. Галете го, допирајте го. Бебето ќе го запамети секој ваш допир и боја на глас. Кога ќе дојде дома од болница неопходно е да се прават сите редовни контроли и скрининзи кои ги препорачуваат лекарите.

    predvremerodenobebe, bebe, trudnica, majka, babyshop, babyshopmk, babyshpoblog

    Дали пред време роденото дете може нормално да цица?

    Секоја капка од вашето млеко е од непроценливо значење за секое новороденче, а посебно кога е предвреме родено или болно. Пред време родените деца, обично не можат да цицаат додека не станат малку појаки. Затоа најдобро е да се измолзите и на бебето да му се дава млеко со помош на сонда.

    Колку месечно треба да напредува пред време роденото бебе?

    За тоа колку едно пред време родено бебе треба да напредува зависи од неговото клиничка состојба. Доколку е стабилно, додека е во болница би требало да добие на тежина од 20-30 грама

    Кога ќе ги стигне во развојот своите врсници?

    Кога предвреме роденото дете ќе ги стигне своите врсници, зависи од генетиката, средината во која расте, дали има хронично заболување, неуролошки проблеми и слично. Меѓутоа доколку нема никаква компликација, до третата година предвреме родените деца може да ги стигнат своите врсници. Всушност на таа возраст децата треба со мали отстапувања да имаат ист раст и развој.

    predvremerodenobebe, bebe, trudnica, majka, babyshop, babyshopmk, babyshpoblog