Предлози за забавни игри во домот
Предлози за забавни игри во домот.
Децата на возраст помеѓу две и пет години и тоа како сами знаат себеси да си најдат забава, но поголемиот дел од времето бараат родителско друштво и учествуваат во заеднички активности. Кога вашата залиха на игри, како и фантазијата за нови игри – кои детето ќе го научат со помош на забава на нешто ново, ќе дојдат на самиот раб и повеќе немате идеја, можеби ќе ви помогнеме со некој од нашите предлози.
1. Пиратско богатство под вашата перница.
Да го оствите вашето дете да седи пред телевизорот е наједонставното но во исто време најлошото решение (на подолго време, секако). Наместо тоа, можете да организирате “лов на богатство”. Претворете се во пирати, можете дури и да импровизирате со маски (доколку сте во можност), со помош на марами врзани околу главата како гусари, или пак ставете превез преку окото. Замислете како да сте на некој тропски остров во кој мечувате и копате во потрага по богатство. Замислете дека шољата, перницата, картонската кутија се вашето богатство..изградете дворец од прекривката и перницата, па потоа баренете се од змејови и слични натрапници.
2. Исто така можете да направите шатор и претварајте се дека сте некаде на излет, направете сендвичи, јадете ги на подот на кебенце. Верувајте јадењето на под е многу позанимливо од столчето на маса за вашите деца.
3. Низ целата соба расфрлете перничиња и скокајте од една на друга “санта лед”. Елиминирајте ги оние кои “паѓаат во вода” (доколку не скокне на “санта лед” (перницата)).
4. Игра со зборови
Кога вашето дете ќе почне да покажува интерес за зборување, можете да направите игра, наместо неефективното седење на столче. Можете, на пример, да играте карти, “меморија”. Сами направете карти со зборови, нека бидат по карти со исти букви (не морате веднаш да почнете со целата азбука, туку со три-четири букви). Свртете ги картите со лицето надолу, помешајте ги а детето ќе треба да ги откриеа двата збора и на глас да ги изговори.
*Од буквите можете да направите сложувалка. Исечете ги картите со неколку букви на три неправилни делови, промешајте ги и заедно со детето сложувајте ги сите букви. Кога детето малку ќе напредне, можете да бирате букви со кои ќе сложите збор, кој ќе означува име на некој од вашето семејство, неговото име и слично, што побрзо би ги запомнило и буквите и зборовите.