• Нема производи во кошничката.
a
  >  Деца   >  Предупредување од стручните лица: Намирници од кои децата најчесто се гушат
Предупредување од стручните лица: Намирници од кои децата најчесто се гушат

Предупредување од стручните лица: Намирници од кои децата најчесто се гушат

Со оглед на тоа дека појавата на гушење на малечките со разни намирници е доста честа, стручните лица направија список со намирници кои претставуваат најголема опасност за малечките.

Спрема мислењето на стручните лица за здравје и сигурност, еден едноставен и брз оброк кој родителите често го сервираат е одговорен за дури еден од шест случаи на гушење кај малите деца.

Имено, Европската агенција за сигурност на храната оваа недела состави попис од најопасните намирници за мали деца, а на самиот врв се наоѓа хот догот, односно виршлата.

Стручните лица затоа предупредуваат, ако на малите деца им послужувате виршли, задолжително пред тоа излупете ги, односно тргнете ја кожата од истите и исецкајте ги на помали парчиња.

Токму хот догот, односно виршлите во него се причина за гушење на 17% од случаите за гушење кај малите деца. После нив следуваат тврдите бомбони, кои се причина за 10% од случаите на гушење, грозјето со 9% и оревите со 8%.

Останатите намирници кои можат да претставуваат опасност од гушење се пуканките, белиот леб, крекерите или колачите од ориз, семките, парчиња сирење, сувиот зеленчук, гумите за џвакање, пилешко со коски и овошје како што се јаболките, портокалите, црешите и лубеницата.

Во просек само во Велика Британија 351 човек умира од гушење секоја година, а уште стотина завршуваат во болница на лечење. Од тоа годишно се околу четириесет деца помлади од пет години.

Британската национална здравствена служба советува на децата да им се воведе цврста храна некаде на возраст од шест месеци, меѓутоа советува децата постојано да бидат под надзор кога јадат, како би биле сигурни дека правилно џвакаат и голтаат.

Имено, душникот кај малото дете е отприлика со големина на сламка, а се што е поголемо од тоа лесно може да застане во него и да предизвика гушење.

Портпаролот на Агенцијата за сигурност на храна вели:

-Гушењето е нешто што може да се спречи, а најважно е да се биде свесен за големината на предметот кој се наоѓа во близина на детето, затоа што е многу веројатно дека мало дете се што му се наоѓа на дофат на раце ќе го стави во уста.