• Нема производи во кошничката.
a
  >  Актуелно   >  Предупредување од стручните лица: Не го оставајте бебето да спие во автомобилско седиште надвор од автомобилот
Предупредување од стручните лица: Не го оставајте бебето да спие во автомобилско седиште надвор од автомобилот

Предупредување од стручните лица: Не го оставајте бебето да спие во автомобилско седиште надвор од автомобилот

Истражувањата на стручните лица покажале дека постои голем број на смртни случаи кои настанале во текот на спиење на бебето во авто – седиште надвор од автомобилот. Во текот на возењето, сепак, ова седиште е најсигурно за бебето.

Седиштата за автомобил се најсигурно место за бебето во текот на возењето. Приказната е различна кога родителите го користат место колевка кога ќе дојдат дома.

Кога бебето ќе умре во сон во авто – седиште, тоа во скоро две третини од случаите се поврзува со спиење во седиштето надвор од автомобилот, тоа го докажуваат податоците на едно истражување, додека помал број од овие случаи се додека бебето е во автомобил.

Голем број на смртни случаи се случуваат во домот на бебето

Во просек 3700 деца годишно умираат во сон поради синдромот на ненадејна смрт на бебето, случајно гушење или друга причина. Истражувачите испитале 11.779 смртни случаи на мали деца до една година, кои се поврзани со спиење. Користеле податоци од периодот од 2004 до 2014 година.

Се потврдило дека 348 бебиња (три посто) умреле спиеејќи во уредите за спиење. Од овие случаи 63% биле во авто – седишта, 35%  во лулашка, а 2% во количка. Само една десетина од смртноста се случила во седиште кога тоа е користено како што треба во текот на возењето. Повеќе од половина се случиле во домот, додека родителите не обрнувале внимание. Во некои случаи бебињата паѓале од седиштето, или целото седиште паѓало од површината на која стоело.

Повеќе пати сме го виделе бебето оставено да спие во авто – седиште со часови, додека родителите или негувателките спијат или вршат некоја работа низ куќата.

Користење на седиштето за автомобил во контекст надвор од патувањето може да биде ризик.

Седиштата се сметаат за сигурносни, родителите претпоставуваат дека се најсигурно место за бебето и надвор од патувањето.

Често се случува родителите да не сакаат да го будат бебето кога бебето ќе заспие во автомобил во текот на возењето, па го оставаат во седиштето.

Не е потполно разјаснето зошто седиштето не е најдобро место за спиење во автомобил. Колевката или креветчето може да бидат посигурни затоа што се рамни, не се под агол како седиштето, а немаат никакви ленти од страна кои потенцијално можат да доведат до давење или гушење.

Секако, родителите апсолутно не треба да се грижат ако видат дека бебето спие во авто – седиштето во текот на возењето.

“Тоа е единствено и најсигурно место во кое децата треба да бидат во текот на возењето”.

Еве неколку работи кои треба да ги применувате за да биде бебето сигурно:

-Кога бебето ќе заспие во текот на возењето треба да остане таму само во текот на возењето.

-Ако продолжи да спие и после завршување на возењето, преместете го во колевка или во креветче.

-Кога патувате, секогаш со себе имајте колевка за пренесување.

-Децата немојте да ги оставате да спијат во авто – седиштето без надзор.