Предуслов за воспитано дете се воспитани родители
Предуслов за воспитано дете се воспитани родители
Да се биде родители е една од најголемите привилегии кои еден човек може да ги има, па според таа логика да се биде родител е и една од најтешките работи. Може да се направи една паралела со одењето по жица, па со оглед на тоа погрешниот чекор може многу лесно да го направите а да ве чини многу. Кога сте нагледувач од страна се изгледа едноставно и лесно, но кога ќе дојде ред на вас работите ги гледате од друга перспектива.
Животот не учи дека ништо не е невозможно, само за да направите некаква промена треба да започнете од себе. Затоа и е тешко, бидејќи старите навики споро се надминуваат и потребна е голема упорност за да можете да ја замените со нова и подобра.
Дури тогаш, кога ќе станете родители пред очи ви излегуваат сите недостатоци на вашиот карактер.
Кога на децата им даваме лош пример?
– Кога викаме. Ненаспани и уморни со добра воља како и Сунѓерот Боб. Кога на децата ќе им дојде жолтата минута и ќе почнат хистерично да трчаат низ домор како разбеснети бизони, вие треба да им пријдете со љубов и внимание, да ги прегрнете и да ги прашате што не е во ред и што точно сакаат. Но ретко кој ова може до крај да го постигне, бидејќи најчесто немате сила и вие хистерично ќе се обратите со “Смири се”, што всушност има спротивен ефект, бидејќи вашата нервоза само ја надополнува нервозата на вашето дете.
Викањето на детете нема да помогне никому. Вас, веројатно ќе ве гризе совеста, а децата ќе научат да комуницираат исто како и вас. Најпрво проверете дали детето е гладно, дали му се спие, дали треба да се пресоблече или можеби нешто го боли. Доколку не е ништо од тоа, веројатно му е досадно а вие треба да создадете забавна атмосфера и да го анимирате.
– Кога изговараме ружни зборови
Си ветивте себе си дека ќе се однесувате примерно и дека нема да користите пцовки, не само пред децата, туку пред никого и тоа ветување ви трае се до моментот додека некој не ве извади од кожа, Во афект, пцовките веднаш излегуваат од уста како кучиња пуштени од ланец, а вашите деца сето тоа внимателно го повторуваат со неверојатно прецизност. Не знаат течно да го изговорат своето име, но со големо чудо пцовките секогаш многу прецизно ги повторуваат. Заменете ги пцовките со некои фини зборови и кога сакате да изговорите лош збор, веднаш заменете го со некој убав збор.
– Фрлање на отпадоци
Додека не ве гледаат други луѓе, на улица фрлате хартија, мастика, пикавец а причина за тоа е што во моментот до вас нема корпа за отпадоци. Посебно е интересно како луѓето се однесуваат во автомобилот, па често имаат навика преку прозор да изфрлат некој отпадок. Луѓето во автомобил чувствуваат дека се наоѓаат во некоја заштитена капсула во која никој не може да ги види па со оглед на тоа се чувствуваат прилично опуштено.
“Кога правите нешто кога сте сами, направете го исто како да ви е срам”.
– Не користите магични зборови.
Детете ќе ве послуша за одредена работа а вие не сум се заблагодарувате. Ќе му дадете нешто и нема да му кажете “повели”. Направете нешто погрешно и не кажувате “извини”. Само издавате наредби, “Дај ми го ова”, “Направи го она” а, притоа не го користите зборот “Те молам”.
Потоа ќе се изненадите и ќе се чувствувате непријатно кога детето ќе ви одговори со ист тон, а вие ќе поцрвените кога така ќе изреагира пред други луѓе.
Дополнително лоши однесувања на возрасните се:
– Зевање без да стават рака на уста
– Мокрење на улица. Ако жените можат да се воздржат до првиот тоалет, веројатно тоа го можат и мажите.
– Плукање на улица. Многу лоша навика
– Дување на нос со прсти и исфрлање на секретот на улица.
Мислиме дека за сега доволно работи набројавме и дека има полна рака работа. Секако дека има многу фини и воспитани родители кои имаат фино воспитани деца. Целосни пофалби за нив.
За крај:
Никогаш не ги обвинувајте децата за грешките кои ги направиле, кривете ги родителите што не ги научиле на подобро.