
Предвидени Законски промени за додаток на дете
На страната на Национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР) може да се пронајде предлог Законот за заштита на децата.
По разгледување на владина седница истиот треба да се даде на усвојување во Собрание.
Ваквата промена се прави поради тоа што претходната мерка која беше превземена немала никакви позитивни ефекти во зголемување на наталитет, што беше и примарна цел за нејзино донесување.
Со новите промени се очекува да бидат задоволени пред се најзензитивните финансиски семејста, бидејќи како што изјави Министерката за труд и социјала, моменталниот износ од 8.048 мкд месечно за секое трето дете кое треба да се исплаќа во следните години 10 години воопшто не се пари кои им се од важност на семејствата кои се имотни.
Наместо месечен надоместок новата мерка предвидува еднократна помош за секое родено дете.
За првото дете висината на еднократната парична помош е предвидено да изнесува 5.000 мкд, за второ дете 20.000 мкд и за трето дете новороденче 60.000 мкд.
Она што е важно е дека оние родители кои стекнале право за надоместок ќе продолжат да го остваруваат до завршување на период од 10 години за трето дете, а измените на законот се однесуваат само на новородени деца од официјално донесување на законот.