
ПРЕДВРЕМЕНО РАЃАЊЕ НА БЕБЕТО
Предвремено породување е пред 37-та недела од бременоста
Кога роденото бебе се смета за недоносено?
Колку е опасно ако бебето се роди пред терминот?
Како изгледа предвреме роденото бебе?
Дали сите предвреме родени бебиња треба да бидат во инкубатор?
Кога бебето може да излезе од инкубатор?
Колку бебињата што се пред време родени остануваат во болница?
Како да се негува предвреме роденото бебе?
Дали предвреме роденото бебе може да се дои?
Колку треба да напредува месечно?
Како ќе ги стигне своите врсници во растот и развојот?
Кога роденото бебе се смета за недоносено?
Бебињата кои се родени пред 37-та недела од бременоста се нарекуваат недоносени, односно предвреме родени бебиња. Се смета дека 24-тата недела од бременоста е најрано време кога бебето е доволно развиено да може да преживее, но со интензивна лекарска помош и нега. Бебињата родени пред 24-тата недела во повеќето случаи не се доволно зрели за да преживееат.
Колку е опасно ако бебето се роди пред терминот?
Предвреме родените деца се најчесто мали и недоволно развиени, со породилна тежина помала од 2500 грама. Екстремно незрели деца, тие кои се родени пред 28-та гестациона недела, посебно се осетливи. Нивните органи се многу незрели за да функционираат добро надвор од мајчиниот стомак. Затоа, поради предвременото раѓање, во одредени случаи постои опасност бебето да има некои здравствени проблеми како што се:
Проблеми со дишењето (развој на хроничните болести на плуќата, проблеми во развојот на плуѓата)
Кардиоваскуларни проблеми
Жолтица поради незрелост на црниот дроб и органите за варење
Проблеми во исхраната (неспособност да координира со цицањето и голтањето, нетолеранција на млекото)
Невролошки проблеми (можочно крварење, смален тонус, конвулзии)
Пореметување во развојот на крвните садови во окото
Склоност кон инфекции
Како изгледа предвреме роденото бебе?
Бебето може да го напушти инкубаторот кога ќе достигне тежина околу 1800 грама.
Основна карактеристика на предвреме родените бебиња е општа несозреаност на органите и системот кои се важни за живот.
Кожата на бебето е тенка и прекриена со влакненца, а крвните садови под неа се видливи. Мускулите и поткожното масно ткиво се слабо равиени, па бебето изгледа ситно и слабо. Плачењето едвај му се слуша, а полните органи му се неразвиени. Со време бебето ќе созрее, ќе напредува, расте и ќе добие изглед на дете кое е родено во терминот.
Дали сите предвреме родени бебиња треба да бидат во инкубатор?
Во првите денови од животот предвреме родените бебиња имаат несозреан систем за регулирање на температурата на телото, па без подесување на надворешната температура не може да ја одржуваат нормалната телесна температура. Во инкубаторот полесно се прилагодува температурата и влажноста како во надворешната средина.
Инкубаторот претставува изолирана средина и на тој начин го штити бебето од можни инфекции. Значи, инкубаторот обезбедува најдобра можна нега и опкружување за нега на незрели и болни новороденчиња.
Кога бебето може да излезе од инкубатор?
Инкубаторите првенствено се користат за да се обезбедат термонеутрални услови за предвреме родените деца. Затоа еден од битните критериуми за преминување од инкубатор во кревет е способноста на детето да ја сочува телесната температура. Бебето обично се вади од инкубатор кога е неговата клиничка состојба стабилна и кога неговата тежина ќе биде од 1700 до 1800 грама.
Колку бебињата што се предвреме родени остануваат во болница?
Предвреме родените бебиња остануваат во болница во зависност од тоа колку се предвреме родени и каква е нивната здравствена состојба. Ако се незрели со помала телесна тежина, тие бебиња во болница остануваат подолго, бидејќи помошта на лекарот специјалист им е подолго потребна.
Како да се негува пред време роденото бебе?
Бебето треба дневно да добива на тежина од 20 до 30 грама.
На вашето бебе му треба многу внимание, нежност и топлина. Затоа често посетувајте го и остварите близок контакт со него. Допирајте го, зборувајте му нежно. Бебето ќе го запамети тој допир и бојата на вашиот глас. После отпуштањето од болница неопходни се редовни контроли и скрининзи со препорака од лекарот.
Дали предвреме роденото бебе може да се дои?
Секоја капка од вашето млеко е од непроценета важност за вашето новороденче, а особено ако тоа е предвреме родено или болно. Недоносеното бебе не може да цица додека малку не зајакне, најдобро е да го измолзувате вашето млеко кое на бебето може да му се даде со помош на сонда.
Колку треба да напредува месечно?
Колку предвреме роденото бебе ќе напредува месечно зависи од неговата клиничка состојба. Ако е стабилно, додека е во болница би требало дневно да добива на тежина од 20 до 30 грама.
Како ќе ги стигне своите врсници во растот и развојот?
Кога недоносеното бебе ќе ги стигне своите врсници во развојот зависи од генетиката, средината, дали има некое хронично заболување, невролошки проблеми и др. Меѓутоа, ако нема компликации, до возраст од три години, предвреме родените бебиња може да ги стигнат своите врсници.