ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Прекрасна приказна за детската хуманост: Девојче прави роденденски подароци за оние кои не можат тоа да си го дозволат
    Прекрасна приказна за детската хуманост: Девојче прави роденденски подароци за оние кои не можат тоа да си го дозволат

    Прекрасна приказна за детската хуманост: Девојче прави роденденски подароци за оние кои не можат тоа да си го дозволат

    Малечката Бела го одушеви целиот свет со својот неверојатен гест, затоа што веќе неколку години им помага на другарчињата кои немаат средства да спремат роденденска забава.

    Деветгодишната Бела Смит го воодушеви светот со својот великодушен гест. Имено, откако пред две години нејзино другарче и кажа дека не може да го прослави својот роденден затоа што неговото семејство не може да си го дозволи тоа, таа доби неверојатна идеја.

    Одлучи да ги земе работите во свои раце и ги смисли Белините кутии кои ги полни со балони, колачи и разни други потребни работи кои се донации од нејзините сограѓани, а откако ќе ги наполни ги предава на семејствата со послаба материјална состојба, врз основа на список кој и го доставува училиштето во кое оди.

     Оваа година веќе има спакувано и поделено 65 кутии, а нејзината мајка Марлана Еванс изјавува дека многу се гордее со својата ќерка.

     “Работам во тоа училиште и знам дека учениците се борат со разни проблеми. Бела е многу добро девојче со големо срце” кажува Еванс.

     На тоа оди во прилог и тоа што изминатиот месец за својот роденден ги замоли луѓето наместо подароци да даваат донации кои потоа ќе може да ги спакува за децата на кои им се потребни.