
Премногу ухрането бебе
Гојазноста е проблем кој е во пораст, а како расте процентот на возрасни кои се гојазни, така расте процентот и на деца кои се потешки отколку што треба да бидат. Ако вашето бебе на возраст од две и пол години има преголема тежина (спрема таблицата на тежина и висина), тогаш оди кон гојазност. Стручните лица се согласуваат дека гојазните бебиња најчесто израснуваат во дебели деца, а подоцна како возрасни имаат проблеми со тежината. Често и родителите на гојазните деца велат дека тие деца и како бебиња биле гојазни.
Ако мислите дека и вашето бебе може да биде гојазно, проверката и споредбата на тежината и висината на бебето може да ве предупреди на проблемот. Ако бебето добива на тежина многу побрзо отколку што расте, можеби собира премногу калории. Овој проблем е ретко видлив, пред бебето да почне да јаде тврда храна. Тогаш родителите стануваат воодушевени со тоа што бебето почнало да јаде и го занемаруваат млекото кое би требало да ја има најголемата улога во исхраната на бебето до првиот роденден.
Ако сте загрижени дека вашето бебе станува се подебело, проверете ја количината на слатката храна и пијалоците кои детето ги внесува во текот на денот и пробајте истите да ги намалите. Намалувањето на желбата за слатко додека детето е мало може да значи помал проблем со тежината подоцна.
Добра идеја е да се води дневник со исхрана во кој се впишува се што детето ќе изеде (и видот и количината на храната) затоа што нуди можност да се размисли за тоа што му давате на вашето дете.