ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  ПРЕПОРАКА ОД ПСИХОЛОГ: КАКО ДА ГО ПОМИНЕТЕ РАСПУСТОТ СО ДЕЦАТА
    ПРЕПОРАКА ОД ПСИХОЛОГ: КАКО ДА ГО ПОМИНЕТЕ РАСПУСТОТ СО ДЕЦАТА

    ПРЕПОРАКА ОД ПСИХОЛОГ: КАКО ДА ГО ПОМИНЕТЕ РАСПУСТОТ СО ДЕЦАТА

    Искористете ги овие убави, слободни денови на прав начин. Еве што ви советуваат психолозите…

    Летниот распуст е асоцијација за одмор, патување, излети, капење, излежување… тоа е време кое го поминуваме со семејството. Тоа е време идеално за истражување, учење, откривање, но на едноставен и интересен начин. Само затоа што е време на одмори не значи дека децата не можат да бидат продуктивни. Тоа е идеално време да заборавиме на екранот и да ги откриеме привлечностите на истражувањето, откривањата во природата и за природата. И не само за природата. Семејниот одмор може да биде прилика за учење на уметноста и науката.

    Потребно е да се вклучите и да соработувате со децата околу теми кои нив ги интересираат, затоа што тоа може да биде интересно. Летниот одмор е еден од најдобрите периоди за децата да ги откријат своите интересирања. Запознајте го своето дете со разни активности, откривајте ги работите заедно на начин кој ќе ве релаксира, односно ќе биде пријатен.

    Предлог на семејни активности

    Еве неколку предлози за различни активност, кои може да бидат многу поучни:

    1.      Направете табела на температурата во градот кој ќе го посетите,
    2.      Фотографирајте ги или купете разгледници на местото кое ќе го посетите,
    3.      Напишете кратки белешки или опис на овие места,
    4.      Нацртајте слики на местата кои ќе ги посетите,
    5.      Гледајте го невремето, разговарајте со своето дете за грмењето и молњите
    6.      Секојдневно читајте приказни.

    Збогатување на речникот

    Предложете збогатување на речникот на следниот начин:

          1. Користете нови и интересни зборови за да ги опишете дневните летни активности,

          2. Разговарајте за работите кои ќе ги видите за време на летниот излет,

          3. Внесете нови зборови во опишување на времето во лето,

          4. Читајте книги со интересни зборови поврзани со плажа или други летни дестинации.

    Ред учење (низ игра), ред забава

    Читањето е совршена семејна активност

    Со читањето детето го збогатува својот речник. Вежбањето да се чита за време на  летниот одмор ќе им овозможи полесно да го искажат своето знаење кога децата ќе се вратат во училиште и ќе го потикне нивното напредување. Замолете го своето дете да ја визуелизира сцената во приказната која на пример вие сте ја прочитале. Прочитајте му неколку параграфи на вашето дете, а потоа прашајте го како ја замислува таа сцена. Ако имаат проблем со визуелизацијата, обрнете внимание на  текстот и помонете му на детето да го пронајде описот, зборовите и фразите. Замолете ги да ја опишат и замислат како може сцената да се направи во филм. Може да ги замолите да ја нацртаат, скицираат таа ментална слика. Можете да го потикнете учењето на вашето дете на разни начини. Одете на излет во локален научен музеј. Вежбајте ги мерките додека готвите заедно…

    Водете сметка, летниот распоред да вклучува многу забавни физички активности како што е играњето на отворено, излети и шетање. Вклучете го вашето дете во планирањето. Нормално, не можете да ја испланирате секоја минута од денот. Овозможете му на детето рутина која е предвидлива но флексибилна.

    Поред заеднички поминатото време, мора да постои и потполно слободно, неструктурирано време. Вештините што се многу важни за живот се создаваат поради начинот како го поминуваме времето. Тоа е способноста да бидеме задоволни и во активности и без надворешните стимулации. Тоа е способност да откриеме нешто ново, да креираме активност од почеток до крај. Детето треба да биде свесно за својата внатрешна состојба и да прави разлика кога е задоволно и кога му е досадно. Децата учат да разберат што произлегува од таа позитивна внатрешна состојба.

    Мамо, досадно ми е

    Што можат родителите да направат кога на децата им е досадно? Ќе приметите дека постојат работи кои може да ги направат и со децата со кои си играат. Значи, потребно е детето да биде мотивирано да ја превземе иницијативата и  да има  активен пристап во обликување на своето слободно време. Родителите може да го негуваат и подржуваат чувството на моќ и ефикасност, за детето да знае дека состојбата на досада може да се промени.

    Но би било пожелно да се придржува според еден распоред. Тој распоред се однесува на времето за јадење и времето за спиење. Секако, ќе има вечери кога детето ќе легне подоцна од различни причини, сепак трудете се да го почитувате овој распоред, кој овозможува децата да бидат здрави и подобро да се чувствуваат.