ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Препознајте го заморот
    Препознајте го заморот

    Препознајте го заморот

    Доколку родителите би знаеле колку од своите нерви и детски солзи би заштедиле само на време да препознаеле што им кажува детето, би научиле уште пред раѓањето да ги читаат скриените пораки и сигнали. Ако е сито, суво и здраво, детето е среќно и весело, но само додека не се умори, а потоа се претвора во лигаво и плачливо , станува раздразливо, нервозно, непослушно …

    За да сето ова се спречи, научете како да препознаете дека детето е уморно и одма да го ставите на спиење. Во спротивно, ќе течат солзи како река , а ќе страдаат и вашите нерви.

    Новороденчињата се заморуваат многу брзо, дури по еден час, час и половина од времето поминато будни, додека оние помеѓу шестиот и дванаесеттиот месец можат да бидат активни подолго од три час. Од 12-тиот до 18-тиот месец, бебињата помалку се заморуваат, но тоа не значи дека тие можат да ја пропуштат утринската или попладневната дремка.

    Како детето расте, спие помалку, но за среќа, знаците на замор се препознаваат полесно.

    Уморно бебе помало од една година

    * ги тегне и чеша ушите

    * ги сиска тупаниците

    * зева

    * трепка, ги чеша очите

    * ја спушта (фрла) главата или свртува лево-десно

    * намуртено е

    * го цица прстот за да се успие

    * плаче

    Уморно бебе постаро од една година

    * станува несмасно, паѓа, се сопнува, се удира во различни предмети

    * квичи, вреска и плаче без очигледна причина

    * го привлекува вашето внимание

    * фрла играчки

    * се фрла на подот

    Ако сте сигурни дека бебето покажува некој од овие знаци и не го мачи ништо друго, вклучително и глад и жед, веднаш ставете го во креветче или и вие легнете со него додека не заспие. Само водете сметка да не стане премногу раздразливо, бидејќи многу тешко ќе може да го смирите.