ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  ПРЕСТОЈОТ НА МОРЕ Е ПОВЕЌЕКРАТНО КОРИСЕН ЗА ЗДРАВЈЕТО НА БЕБЕТО
    ПРЕСТОЈОТ НА МОРЕ Е ПОВЕЌЕКРАТНО КОРИСЕН ЗА ЗДРАВЈЕТО НА БЕБЕТО

    ПРЕСТОЈОТ НА МОРЕ Е ПОВЕЌЕКРАТНО КОРИСЕН ЗА ЗДРАВЈЕТО НА БЕБЕТО

    Претстојувањето на море е убаво за најмладите, бидејќи им го јакне имунитетот со складирање на витаминот Д. Исто така, ако бебето има проблем со екцема или со дишните патишта, тоа е уште една причина повеќе за да отидете на плажа.

    Многу родители, особено оние кои се нови во таа улога, често се во дилема дали да одат на море со мало бебе? Лекарите предупредуваат дека детето не треба да се изложува на сонце додека не наполни една година, но многу педијатри “даваат дозвола” за летување на осуммесечно бебе. Престојот на море е корисен за најмладите, бидејќи им го зацврстува имунитетот со складирање на витаминот Д. Ако бебето има проблем со екцем или со дишните патишта, тоа е една од причините да се отиде на плажа.

    Секако, многу е важно бебето да не се изложува на сонце и на висока температура, па се препорачува капење во море рано наутро и касно попладне. Во текот на денот би требало да биде сместено во ладовина, а морскиот воздух ќе го успие. Се препорачува тенка памучна и светла облека, која ги прекрива рачињата и ноџињата, како и шеширче за глава додека е на сонце, како и количка со заштитник од сонце.

    На море е важно бебето да внесува доволно течности, ако уште цица, на мајката ќе и биде полесно бидејќи мајчиното млеко одлично го хидрира огранизмот. Кога ќе направат една година , децата може да си играат на сонце, но со задолжителна опрема-шешир, маица и крема со висок фактор на заштита, со која ќе го мачкате на секои 20минути. Помеѓу 10 и 17 часот нека биде во ладовина. Ако приметите дека детето е поспано, се држи за глава и има мачнини, одма разладете го, дајте му вода и однесете го на лекар, за секој случај.

    Почитувајте ги советите на педијатрите и опуштено однесете го бебето на море. Кога ќе видите колку му е убаво, ќе знаете дека тоа е правиот избор.