• Нема производи во кошничката.
a
  >  Практични Мајки   >  Превенција против грип-5 работи кои се најголеми преносувачи на вирус и бактерии
Превенција против грип-5 работи кои се најголеми преносувачи на вирус и бактерии

Превенција против грип-5 работи кои се најголеми преносувачи на вирус и бактерии

5 работи кои се најголеми преносувачи на вирус и бактерии

 

Кога е сезона на грипови и настинки, многу е важно да го зголемиме имунитетот но и да ги земете во предвид работите со кои сте во секојдневен контакт а воглавно се и најголеми преносници на бакетриите.

За да избегнеме грип, најпрво, почесто миете ги своите раце, предметите со кои сте постојано во контакт и кои се во секојдневна употреба како:

  1.        Мобилен телефон

Според бројни спроведени истражувања, мобилните телефони представуваат главен преносувач на бактериите, па дури се тврде дека се поголем преносувач и од wc школките.

 Со оглед на тоа дека телефонот поголемиот дел од денот е во нашите раце, претставува плодно тло за пренос на бактерии, грип…За да се исчисти телефонот детално без ризик да се оштети од водата послужете се со антибактериски марамчиња или пак микрофибер крпа на која ќе нанаесете средство за дезинфеција.

  1.        Тастатура

Како и телефонот така и тастатурата е предмет со кој поминуваме скоро целиот ден, работно или пак приватно. За да може да се подетлано да се исчисти, пожено е да ја исклучоте и да ја пребришете со антибактериски марамчиња. Потоа, превртете ја од другата страна, извадетете ги насобраните трошки и пребришете со сува крпа од микрофибер.

  1.        Квака

Кваките се предмети кои во текот на денот се во допир со различни и многу луѓе. Доколку кваката која вие ја допирате претходно ја допрела заразена особа, вирусот е во ситуација да се задржи многу повеќе отколку што ви изгледа. Во текот на сезона на грип се препорачува редовно чистење на кваките со марачиња кои што содржат алкохол.

  1.        Работни површини во кујната

Како и секоја домаќинка веруваме дека  се трудите вашите рбоатни површини во кујната да ги одржувате чисти во текот на целата година. Меѓутоа, кујната е место каде што целото семејство го окупира и користи и е многу важно во периоди на вируси хигиената на кујната да се подигне на повисоко ниво. Површината одржавајте со дезинфекциски средства.

  1.        Плишани играчки

Познато е деа плишаните играчки собираат многу прашина. Без разлика дали само стојат на екоја полица или пак вашето дете ги зема со себе и си игра, плишаните играчки представуваат извор на бактерии и вируси. Потрудете се редовно да ги перете нивните крзнени другарчиња со што би избегнале потенцијална зараза.