Прибор за прва помош за бебето
Сите родители треба да состават прибор за прва помош, што ќе содржи инструменти, ханзапласт и додатоци, со кои би го третирале бебето во итни случаи. Некои родители прават еден прибор за дома, друг за во автомобилот и еден преносен, за патувања. Приборот треба да ви биде лесно достапен, но надвор од дофатот на бебето. Препорачливо е еднаш месечно да го проверувате за да ги замените лековите што се потрошиле или на кои им изминал рокот. Купете мала пластична кутија за помалите предмети, а поголемите чувајте ги во близина.
Приборот за прва помош треба да содржи :
– завои, газа и самолеплива лента
– самолеплив ханзапласт
– памучни топчиња
– памучни стапчиња
– хируршка лента
– дигитален термометар
– ножици
– пинцета
– медицинска пипета
– светилка со резервни батерии
– резервно ќебе
– антисептички крем
– антибиотска маст
– лосион на база на каламин
– распрскувач или маст за изгореници
– хидрокортизонски крем (1% или помалку)
– петролејски крем- вазелин
– сапун
– шише вода
– ибупрофен или парацетамол
– дифенхидрамин или друг антисхистаминик
– назален деконгестив
– сируп против кашлица
– други лекарства што ги прима вашето бебе
– упатство за вештачко дишење и Хајмлихов зафат
– Ипекак сируп или прибор во случај на труење
– список со броеви за итни случаеви
– стерилни влажни марамчиња