• Нема производи во кошничката.
a
  >  Практични Мајки   >  Припремете маст, чај и сок од чувар куќа
Припремете маст

Припремете маст, чај и сок од чувар куќа

Припремете маст, чај и сок од чувар куќа

Чувар Куќа е повеќегодишна билка, висока 10-60 cm со дебели и сочни листови. На изглед слично како кактус. Доколку е засадена во двор не е потребно да се налева со вода. Цвета од месец јули до октомври и во тој период се берат нејзините листови за чај и други лековити препарати.
Свежо исцеден сок од чувар куќа: Овој сок ги ублажува опекотините, убод на инсект, пеѓи и флеки од сонце, херпес, испукана кожа. Сокот помага и кај воспаление на непца, воспаление на грло и уво.

Чај од чувар куќа: Помага при обилни и болни менструации и дизентерија.

За припрема на чај потребно e: 2 лажици листови од чувар куќа и една чаша врела вода.
Припрема: Листовите прелејте ги со врела вода, оставете да отстои 2 часа, процедете и пијте ¼ чаша, 4 пати на ден пред јадење.

Мед и чувар куќа како природен лек.

Потребно е: 500 грама домашен мед и 300 грама листови од чувар куќа.
Припрема на лекот: Чувар куќа се меле и се меша со медот. Оставете да одстои неколку денови. Се конзумира една лажичка на празен стомак и после тоа не се јаде ништо два часа.

Во текот на зимата кога има намалена физичка активност доаѓа до зголемено задржување на штетни материи во организмот. Смесата за чувар куќа и медот го забрзува метаболизмот и го чисти телото од токсини. Исто така се користи и кај срцеви заболувања по препорака на руската медицина. Докажано е дека чувар куќата лечи миоми на матка и цисти на јајници.

Маст од чувар куќа.

Потребно е : 1 лажица ситно исецкани листови чувар куќа и 200 грама маст.
Припрема: Маста ја премивате во 9 води, Во една шерпа се мешаат листовите. На тивка температура маста треба да се истопи (без готвење) штом се истопи тргнете од шпоретот и оставете 12 часа да одстои. После тоа повторно загрејте ја маста и на тивко загрејте ја се додека не стане течна, процедете ја и ставете ја во тегла. Чувајте во фрижидер.

Маст од чувар куќа е лековите за :
– Рани кои настанале од удар
– Рани кои се загноени и на кои им треба долго време да зараснат
– Против сончеви пеѓи и флеки на кожа
– Убод од инсекти и фистули.