Природен лек за хемороиди кои им помогнал на многу луѓе!
Честа појава во бременоста на жената се хемороидите. Тие знаат да бидат доста упорни со нивната појава. Доколку еднаш се појават голема е веројатноста да се повторат.
Секако, не треба да се занемари и фактот дека хемороидите сепак не се појава само во бременста, тие се застапени подеднкво исто како кај мажите така и кај жените.
Според статистиката, од хемороиди страдаат 12% од светското население.
Ви претставуваме рецепт кој може да биде од огромна помош за вас, ваш близок пријател или роднина.
Потребни состојки:
10 гр чист прополис
1 супена лажица мед
50 гр пчелин восок
50 мл масло од кантарион
Медот со 10 гр прополис се мешаат. Многу е битно смесата да ја мешате со дрвена лажица во стаклен сад.
Додадете 50 мл масло од кантарион и 50 гр восок, но не во истиот сад туку во друг. Смесата загрејте ја на пареа додека не зоврие. Одкако ќе зоврие тргнете го садот од оган, и оставете да го да се олади.
Кога маслото ќе достигне температура од 60-70 степени, додадете ја и смесата со прополис, па добро промешајте.
По завршување на оваа постапка вашиот домашен лек за лечење на хемороиди е готов. Сметсата чувајте ја во фрижидер.
Примена:
На парче газа ставете од смесата која се става на анусот секоја вечер. Треба да се остави во текот на целата ноќ.. Наутро се вади. Процедурата се прави секоја вечер, до оздравување.