• Нема производи во кошничката.
a
  >  Деца   >  Природен сируп против кашлање кај децата
Природен сируп против кашлање кај децата

Природен сируп против кашлање кај децата

Ако вашето дете со денови кашла и од плуќата се слуша благо шкрипење, направете природен сируп кој е ефикасен за сузбивање на кашлицата, а помага и да се исфрли слузот од организмот. Овој сируп го зајакнува и имунитетот на детето, па во наредниот период ќе имате многу поретко такви тешкотии.

Состојки:

200 гр. излупен овес

200 гр. (една чаша шеќер)

200 мл. вода

Припремање:

Овесот измијте го, потоа ставете го во тенџере со водата и шеќерот. Смесата нека се вари неколку минути (да се стопи шеќерот). Сирупот припремајте го навечер и оставете го да отстои до утрото. Наутро прецедете го овесот. Од оваа количина ќе имате сируп за четири до пет дена.

Примена:

Секое утро давајте му на детето мала чаша од сирупот на празен желудник. Сирупот треба да го давате 40 дена и многу е важно да не прескокнувате денови.