Природен спреј за отстранување на пестициди
Природен спреј за отстранување на пестицидите во овошјето и зеленчукот
Доколку не сте во можност да го одгледувате сами овошјето и зеленчукот, тогаш ви препорачуваме едноставен начин како да ги отстраните пестициде и тоа до 75%..
Денес е многу тешко да се најде зеленчук или овошје кое не е прскано. Изборот за органско овошје и зеленчук е многу слаб, па таквите намирници често се увезуваат, не се свежи и знаат да бидат со лош квалитет и на жалост се прескапи.
Со миењето со вода се отстрануваат само дел од нечистотиите и мал дел од пестицидите, па поединци користат благо средство за перење на садови и четки, а потоа ја оттргнуваат кората која е полна со хранливи материи. Иако на овој начин овошјето и зеленчукот се чистат многу подобро отколку само со вода, тоа и понатаму не е доволно за да се отстранат пестицидите.
Секако, не е возможно да се исчисти 100 проценти, бидејќи пестицидите влегуваат длабоко.
Еве како да направите домашен спреј за отстранување на пестициди.
1. лажица сок од лимон
1 лажица сода бикарбона
1 чаша вода
Мешајте се додека содата не се раствори и потоа ставете ја во спреј-шишенце. Испрскајте го овошјето и зеленчукот и оставете 15 минути, потоа исплакнете.
Прскањето на јаболките оставете го да постои повеќе од 15 минути.